Области за кариера кај нас

Сè она што ние го работиме, го правиме со огромна посветеност, страст и експертиза. Погледнете во кои области нудиме развој на кариери.

Нашиот правен тим се грижи за тоа компанијата да дејствува транспарентно и одговорно, притоа целосно почитувајќи го локалното законодавство и нашите корпоративни стандарди.

Овој тим се занимава со подготовка на договори, управување и заштита на трговски марки, советување во однос на процесите на развој на нови производи и поврзување со други бизниси и субјекти.

Како член на правниот тим, ќе бидете во контакт со сите функции во организацијата со цел тие да функционираат ефикасно и ефективно, во дадена рамка и во законските граници.

Тимот на Пивара Скопје одговорен за финансиите е високопрофесионален, ориентиран кон постигнување резултати и силно фокусиран на постигнување финансиска стабилност и раст. Улогата на овој тим е да ги препознае потенцијалните деловни ризици и да го поддржи спроведувањето на плановите. Целта на тимот е да најде рамнотежа меѓу инвестициите во раст и дисциплинираната контрола на трошоците, како и управувањето со средствата.

Нашиот финансиски тим е исто така одговорен за обезбедување на најдобрите суровини и материјали кои ни се потребни при секојдневната работа.

Притоа напорите на овој тим не се ограничуваат единствено на табеларни прикази, графикони и салда. Нашиот финансиски тим се грижи за тоа нашиот бизнис и натаму да функционира во добра финансиска состојба. За да успеете во нашиот финансиски тим, потребна Ви е способност за брзо расудување, разбирање на локалниот пазар, разбирање на потребите на нашите купувачи и околината во која работиме.

Во Пивара Скопје имаме разновиден тим од високообучени професионалци со чиј професионален раст и развој управува тимот за човечки ресурси. Ние сме организација која се фокусира на перформансите и учењето. За нас е најважно да ги привлечеме, но и да ги задржиме талентите. Тимот за човечки ресурси има витална улога во таа насока.

Како член на тимот за човечки ресурси, ќе дизајнирате платформи и иницијативи за управување со перформансите и талентите, човечкиот развој, системот за здравствена заштита и пензискиот систем, надоместоци и придонеси, како и за развој на организациската структура. Нашиот модел на човечки ресурси се заснова врз деловно партнерство, во чии рамки ќе бидете во контакт со останатите функции со цел унапредување на капацитетите на човечките ресурси.

Поставувањето клучни лица на клучни позиции со цел постигнување на нашата долгорочна визија е од суштинска важност за успехот на нашата организација и токму поради тоа нашиот тим за човечки ресурси и останува фокусира на потребните вештини  и способности.

Овој тим се грижи за тоа секоја алка од синџирот, од набавката на суровини за Пивара Скопје до испораката на свежи и висококвалитетни производи до нашите потрошувачи, да функционира совршено.

Производството на најдобро пиво и безалкохолни пијалаци во кои ќе уживаат нашите потрошувачи е клучно за синџирот на снабдување на Пивара Скопје. Нашиот тим, одговорен за синџирот на снабдување, ја има водечката улога во одржувањето најдобар квалитет на нашите производи и пошироко, како и во сите дополнителни услуги кои им ги нудиме на нашите купувачи и потрошувачи.

Како член на нашиот тим одговорен за синџирот на снабдување, ќе бидете одговорни за обезбедувањето производи со највисок квалитет за нашите потрошувачи користејќи логистика од светски ранг. Овој тим ја има најважната улога при спроведувањето на нашите иновации и управувањето со трошоците и ефикасноста.

Нашата агенда за одржливост е заснована врз напорите на овој тим, почнувајќи од заштитата на интегритетот на нашите производи, заштитата на безбедноста и здравјето при работа, заштитата на животната средина и заштеда на енергија, одржливи извори на суровини и поддршка на нашите активности за помош во случај на непогоди.

Тимот за јавни работи и комуникации го поддржува одржливиот деловен раст на Пивара Скопје преку влијаење и обликување на мислењето на сите засегнати страни. Тоа значи ефикасни комуникации со државните органи, деловниот свет, индустријата и заедницата.

Како член на овој тим, ќе бидете активен двигател на нашата агенда за одржливост, почнувајќи од развојот на младите, промовирањето на нашето социоекономско влијание, придонесот кој Пивара Скопје го дава во однос на локалниот развој, унапредувањето на заштитата на здравјето и безбедноста при работа, па сè до соработката со невладини организации со цел заштита на животната средина и помош при непогоди. Нашата организација е посветена на постојана промоција на одговорното консумирање алкохолни пијалаци и на активниот животен стил, а овие два суштински елементи се централна одговорност на тимот за јавни работи и комуникации.

Нашиот тим кој работи во комерција, а поточно маркетинг-тимот, е одговорен за градење силни пивски брендови преку истражување на пазарот, потрошувачите, креирање иновации ориентирани кон потрошувачите, креирање кампањи и промоции. Исто така овој тим ги спроведува маркетинг-операциите за портфолиото на Coca-Cola.

Откако мислењата и перцепциите на потрошувачите ќе се претворат во релевантни маркетинг платформи, сè се сведува на тоа како ќе ги спроведеме во рамките на пазарот. Тимот одговорен за трејд маркетинг ги развива нашите стратегии за различни канали на продажба и го предводи нивното спроведување.

Како член на нашиот комерцијален тим, а особено во тимот одговорен за продажба, Вашата работа ќе Ви овозможи да истражувате, да бидете иновативни и да ги претворите потребите на потрошувачите во искуства насочени кон активирање на пазарот и тесна соработка со нашите купувачи. Во рамките на ваквата улога, ќе се фокусирате на зголемување на продажбата, вредноста и пазарниот удел. Ваквото работно место наложува вложување поголеми напори, но доколку сте подготвени за освојување на пазарот заедно со нашите купувачи и доколку имате одлични комуникациски и организациски вештини, тогаш ова е вистинското работно место за Вас.

Нашиот комерцијален тим е исто така одговорен за обезбедување најдобри услуги за купувачите и создавање додадена вредност на сè што правиме. Градењето комерцијални способности и вештини е област на која посебно се фокусираме со цел развивање најдобри професионалци во оваа област на пазарот.

Комерцијалниот тим е водечката сила на успехот на најдобрите брендови на пијалаци во кои потрошувачите уживаат секојдневно.

КОМЕРЦИЈА

Нашиот тим кој работи во комерција, а поточно маркетинг-тимот, е одговорен за градење силни пивски брендови преку истражување на пазарот, потрошувачите, креирање иновации за одржлив производ кои се ориентирани кон потрошувачите, креирање кампањи и промоции кои поттикнуваат интерес кај нашите потрошувачи. Исто така, тимот ги спроведува маркетинг-операциите за портфолиото на „Кока-Кола“.

Откако видувањата и мислењата на потрошувачите ќе се претворат во релевантни потрошувачки платформи, сè се сведува на тоа како ќе ги спроведеме во рамките на пазарот. Тимот одговорен за маркетинг ги развива нашите канални стратегии и го предводи нивното спроведување.

Како член на нашиот комерцијален тим, а особено на тимот одговорен за продажба, Вашата работа ќе Ви овозможи да истражувате, да бидете иновативни и да ги претворите потребите на потрошувачите во искуства насочени кон активирање на пазарот и тесна соработка со нашите потрошувачи. Во рамките на ваквата улога, ќе се фокусирате на зголемување на обемот, вредноста и пазарниот удел. Ваквото работно место наложува вложување поголеми напори, но доколку сте подготвени за освојување на пазарот заедно со нашите потрошувачи и доколку имате одлични комуникациски и организациски вештини, тогаш ова е вистинското работно место за Вас.

Нашиот комерцијален тим е исто така одговорен за обезбедување најдобри услуги за потрошувачите и создавање додадена вредност на сè што правиме. Градењето комерцијални способности е област на која посебно се фокусираме со цел развивање најдобри професионалци во оваа област на пазарот.

Комерцијалниот тим е водечката сила на успехот на најдобрите брендови на пијалаци во кои потрошувачите уживаат секојдневно.

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И КОМУНИКАЦИЈА

Тимот за односи со јавноста и за комуникација го поддржува одржливиот деловен раст на Пивара Скопје преку влијаење и обликување на мислењето на сите засегнати страни. Тоа значи комуникација со државните органи, деловниот свет и индустријата, како и со останатите чинители на јавното мислење со цел афирмација на нашата корпоративна приказна. Како член на овој тим, ќе бидете активен двигател на нашата агенда за одржливост, почнувајќи од развојот на младите, промовирањето на нашето социо-економско влијание, придонесот кој Пивара Скопје го дава во однос на локалниот спортски и културен развој, унапредувањето на заштитата на здравјето и безбедноста при работа, па сè до соработката со невладини организации со цел заштита на животната средина и помош при непогоди. Нашата организација е посветена на постојана промоција на одговорното консумирање алкохолни пијалаци и на активниот животен стил, а овие два суштински елемента се централна одговорност на тимот за односи со јавноста и за комуникација.

СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ

Овој тим се грижи за тоа секоја алка од синџирот, од набавката на суровини за Пивара Скопје до испораката на свежи и висококвалитетни производи до нашите потрошувачи, да функционира совршено.

Производството на најдобро пиво и безалкохолни пијалаци во кои ќе уживаат нашите потрошувачи е клучно за синџирот на снабдување на Пивара Скопје. Нашиот тим, одговорен за синџирот на снабдување, ја има водечката улога во одржувањето најдобар квалитет на нашите производи и пошироко, како и во сите дополнителни услуги кои им ги нудиме на нашите потрошувачи.

Како член на нашиот тим одговорен за синџирот на снабдување, ќе бидете одговорни за обезбедувањето производи со највисок квалитет за нашите потрошувачи користејќи логистика од светски ранг. Овој тим ја има најважната улога при спроведувањето на нашите иновации и управувањето со трошоците и ефикасноста.

Нашата агенда за одржливост е заснована врз напорите на овој тим, почнувајќи од заштитата на интегритетот на нашите производи, заштитата на безбедноста и здравјето при работа, заштитата на животната средина и заштеда на енергија, одржливи извори на суровини и поддршка на нашите активности за помош во случај на непогоди.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Во Пивара Скопје имаме разновиден тим од високообучени професионалци со чиј професионален раст и развој управува тимот за човечки ресурси. Ние сме организација која се фокусира на перформансите и учењето. За нас е најважно да ги привлечеме, но и да ги задржиме талентите. Тимот за човечки ресурси има витална улога во таа насока.

Како член на тимот за човечки ресурси, ќе дизајнирате платформи и иницијативи за управување со перформансите и талентите, човечкиот развој, системот за здравствена заштита и пензискиот систем, надоместоци и придонеси, како и за развој на организациската структура. Нашиот модел на човечки ресурси се заснова врз деловно партнерство, во чии рамки ќе бидете во контакт со останатите функции со цел унапредување на капацитетите на човечките ресурси. Поставувањето клучни лица на клучни позиции со цел постигнување на нашата долгорочна визија е од суштинска важност за успехот на нашата организација и токму поради тоа нашиот тим за човечки ресурси и натаму е фокусиран на развојот на потребните способности.

ФИНАНСИИ

Тимот на Пивара Скопје одговорен за финансии е високопрофесионален, ориентиран кон постигнување резултати и силно фокусиран на постигнување финансиска стабилност и раст. Улогата на овој тим е да ги препознае потенцијалните деловни ризици и да го поддржи спроведувањето на плановите за ублажување на влијанијата. Целта на тимот е да се најде рамнотежа меѓу инвестициите во раст и дисциплинираната контрола на трошоците, како и управувањето со средствата.

Нашиот финансиски тим е исто така одговорен за обезбедување на најдобрите состојки и материјали кои ни се потребни при секојдневната работа.

Притоа нашите напори не се ограничуваат единствено на табеларни прикази, графикони и салда. Нашиот финансиски тим се грижи за тоа нашиот почитуван бизнис и натаму да функционира во добра финансиска состојба. За да успеете во нашиот финансиски тим, потребна Ви е способност за брзо расудување, разбирање на локалниот пазар, разбирање на потребите на нашите потрошувачи и околината во која работиме.

ПРАВЕН ТИМ

Нашиот правен тим се грижи за тоа компанијата да дејствува транспарентно и одговорно, притоа целосно почитувајќи го локалното деловно законодавство и нашите корпоративни стандарди.

Овој тим се занимава со подготовка на договори, управување и заштита на трговски марки, советување во однос на процесите на развој на нови производи, управување со потрошувачи и поврзување со други бизниси и субјекти.

Како член на правниот тим, ќе стапувате во контакт со сите функции во организацијата со цел тие да функционираат ефикасно и ефективно, но во дадена рамка и во законските граници.

Полна чаша на Instagram