ОГЛАС ЗА РАБОТА: ПЛАНЕР НА ПОБАРУВАЧКА

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:

Позицијата планер на побарувачка е клучот во протокот на информации и планирањето помегу продажбата и производството. Како Планер на побарувачка ти ќе бидеш главната алка при обезбедувањето информации и евалуација на планот за количини и предупредување на можни ризици или можности.

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
  • Преферираш динамична работа;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Проактивен/а си и одлучен/а;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование, предност – Економија, Финансии и Статистика;
  • 2 + години искуство на инедтична или слична позиција;
  • Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Напредни аналитички вештини и пасија за работа со бројки;
  • Добро познавање на деловниот англиски јазик.

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одговорен/а за обезбедување на времени и прецизни планови за побарувачка врз основ на податоци обезбедени од одделите на продажба и производство;
  • Комуницира со одделите на продажба, маркетинг, финансии и синџир на набавка со цел да ги идентификува факторите при прогнозирање на побарувачката;
  • Континуирано идетификувње на неусогласенос од прогнзорањето во однос на буџетот и навремено информирње на Менаџментот за настанатите девијации;
  • Спроведува неделни состаноци за планирање и ги имплементира најновите информации помеѓу функциите во прогнозите;
  • Ја мери евалуацијата на планираните податоци за количина во однос на актуелните резултати за продажба;
  • Го дефинира и имплементира адекватниот план во случај на девијација;
  • Одговара за координација и оптимизација на процесот за планирање.

Наточи искуство, придружи се на тимот Coca – Cola HBC и HEINEKEN!

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 18.03.2020 година.
          АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram