Ние и заедницата

ОПЕРАТОР ВО ТОЧИЛНИЦА

Ти ќе бидеш одговорен за квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи во одделот точилница, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме?

  • ССП во областа на Прехранбени технологии, Eлектро-техника, Машинство или Автоматика;
  • 1 + години работно искуство во производствени погони, особено точилница ќе се смета за предност;
  • Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување и мултинационална средина;
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.


Краток опис на основните одговорности:

  • Учествува во пакувањето на производот во шишиња, лименки, буриња и препакување на производ, согласно планот за производство;
  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
  • Води евиденција за призведени количини на производ;
  • Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
  • Презема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
  • Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
  • Го следи, надгледува и контролира процесот на пакување, согласно со пропишаните цели, правила и процедури на одделот и компанијата;
  • Ги користи алатките на процесот за континуирано унапредување во секојдневната работа;
  • Врши инспекција и подмачкување на машината, како и превентивни мерки за одржување на машината;
  • Активно учествува во активностите од процесот за континуираното унапредување и тимовите;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство.


К
ако да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 26.01.2022 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 часа неделно.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

Полна чаша на Instagram