ОГЛАС ЗА РАБОТА: СЛУЖБЕНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО АДМИНИСТРАТИВЕН ОДДЕЛ
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.
Што е тоа што го бараме:
- Високо образование
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Одлично познавање работа со апликации MS Office
- Работа и управување со податоци
- Способност да се управува со повеќе задачи истовремено и нивно успешно извршување во зададени рокови
- Комуканикациски способности за комуникација со сите нивоа на вработени
- Тимска работа и ориентираност кон акција
- Организациски и аналитички вештини и вештини за управување со време
- Способност за носење навремени и квалитетни одлуки
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се земе како предност, но не е задолжително
Краток опис на основните одговорности:
- Креирање нарачки на барање на внатрешни купувачи
- Корекција на нарачки на барање на продажниот тим согласно тековните процеси
- Активна комуникација и информирање на продажниот тим и останатите оддели за нивото на залиха на производите
- Креирање излезни документи за сите видови нарачки
- Воспоставување/развивање можности за исполнување на потребите на клиентите
- Активна комуникација со сите оддели за тековни активности, со цел нивно брзо и ефикасно надминување во интерес на барањата на купувачите (интерни и екстерни)
- Изработка на дневни, неделни и месечни прегледи за залихи, отворени нарачки, промо-количини и распределби, производи со ниска залиха, потенцијални ризици
- Градење односи со надворешните и внатрешните целни групи, како и грижа за таквите односи
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 8.00 до 16.00 часот.
Минимална основна бруто-плата за тоа работно место е 38.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Како да се аплицира:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат испраќајќи свое CV (англиски и македонски јазик) на еден од следните начини:
- на електронската адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com
- по пошта на адреса Пивара Скопје АД, ул. 808, бр.12, 1000 Скопје со назнака До сектор за Човечки Ресурси, „Оглас – Службеник за продажба во административен оддел“, најдоцна до 8.8.2017 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.