ОГЛАС ЗА РАБОТА: СЛУЖБЕНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО АДМИНИСТРАТИВЕН ОДДЕЛ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Одлично познавање работа со апликации MS Office
  • Работа и управување со податоци
  • Способност да се управува со повеќе задачи истовремено и нивно успешно извршување во зададени рокови
  • Комуканикациски способности за комуникација со сите нивоа на вработени
  • Тимска работа и ориентираност кон акција
  • Организациски и аналитички вештини и вештини за управување со време
  • Способност за носење навремени и квалитетни одлуки
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се земе како предност, но не е задолжително

Краток опис на основните одговорности:

  • Креирање нарачки на барање на внатрешни купувачи
  • Корекција на нарачки на барање на продажниот тим согласно тековните процеси
  • Активна комуникација и информирање на продажниот тим и останатите оддели за нивото на залиха на производите
  • Креирање излезни документи за сите видови нарачки
  • Воспоставување/развивање можности за исполнување на потребите на клиентите
  • Активна комуникација со сите оддели за тековни активности, со цел нивно брзо и ефикасно надминување во интерес на барањата на купувачите (интерни и екстерни)
  • Изработка на дневни, неделни и месечни прегледи за залихи, отворени нарачки, промо-количини и распределби, производи со ниска залиха, потенцијални ризици
  • Градење односи со надворешните и внатрешните целни групи, како и грижа за таквите односи

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 8.00 до 16.00 часот.

Минимална основна бруто-плата за тоа работно место е 38.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат испраќајќи свое CV (англиски и македонски јазик) на еден од следните начини:

  • на електронската адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com
  • по пошта на адреса Пивара Скопје АД, ул. 808, бр.12, 1000 Скопје со назнака До сектор за Човечки Ресурси, „Оглас – Службеник за продажба во административен оддел“, најдоцна до 8.8.2017 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 

 

Полна чаша на Instagram