ОГЛАС ЗА РАБОТА: ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што бараме:

 

  • Високо образование или ССП во областа на Машинство или Електро-техничка струка;
  • 1+ години работно искуство во производство;
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

Одговорен е за квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи на машините согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken.

 

  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на целите на работата;
  • Води евиденција за призведени количини на производ;
  • Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
  • Води точна и прецизна евиденција за работата на машината;
  • Редовно ја следи исправноста на машините и пријавува евентуални недостатоци и дефекти;
  • Презема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
  • Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
  • Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство;
  • Придонесува за одржување на редот и дисциплината во организацијата.

 

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е 40 часа во три смени.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидате задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да испратат свое кратко резиме и писмо за интерес (на англиски и македонски јазик) на следната е-маил адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата, „Оператор во производство“  најдоцна до 22.04.2019 год.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени во предвид.

Полна чаша на Instagram