ПИВАРА СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ЕДИНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ОКТОБЕРФЕСТ

Единаесеттиот  Октоберфест во организација на Македонско-Германското стопанско здружение  беше отворен на традиционален начин на кој се отвора и Октоберфест во Минхен. Чепот на првото буре со пиво беше пробиен со дрвен чекан, а прославата започна со изреката “О’zapft is“ – “Tапата е отворена”

Вчера вечер, Директорот  на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија, Патрик Мартенс, Заменик амбасадорот на Германската амбасада во Македонија, Марко Акватичи и Генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ традиционално го отворија единаесеттиот Октоберфест во организација на Македонско-Германското стопанско здружение во Скопје.

Пивара Скопје за прв пат беше домаќин на оваа престижна манифестација на која присуствуваа 1700 гости од бизнис секторот, амбасадори, претставници од медиумите и културата.

“Вечерва сме овде да го прославиме најмагичниот пијалак на светот – пивото. А, не постои подобар повод за тоа од најпознатиот светски фестивал на пивото – Октобер фест.

Чест ми е што токму Пивара Скопје, како членка на Македонско-Германското стопанско здружение e домаќин на прославата на годинешниот Октоберфест и што имаме можност да учествувавме во нејзините активности, вклучувајќи ја и организацијата на овој настан, кој првенствено е наменет за ширење и развој на пивската култура.

Ние, во Македонија, знаеме што е добро пиво.  Знаеме и да создаваме добри пива. Имаме долга традиција, големо знаење, најдобри пивски мајстори и најсовремена технологија за нивно производство.  Горди сме на нашето широко портфолио на пивски брендови.

Сето ова ја одредува и нашата трајна мисија – да им овозможиме на сите љубители на пивото да ја почувствуваат магијата на овој прекрасен и уникатен пијалак.” – изјави Јован Радосављевиќ на отворањето на настанот.

Марко Акватичи, Заменик амбасадорот на Германската амбасада во Македонија истакна дека Октоберфест се слави веќе 200 години во Минхен и на овој настан доаѓаат 6 милиони посетители, притоа изразувајќи задоволство што прославата на Октоберфест  во Скопје прерасна во  традиција како значаен настан за градот Скопје, важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу двете земји Македонија и Германија.

Полна чаша на Instagram