Медиа центар

ПИВАРА СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ДВАНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ОКТОБЕРФЕСТ

Медиа центар

Дванаесеттиот Октоберфест во организација на Македонско-Германското стопанско здружение вчера беше отворен на традиционален начин на кој се отвора и Октоберфест во Минхен. Чепот на првото буре со пиво беше пробиен со дрвен чекан, а прославата започна со изреката “О’zapft is“ – “Tапата е отворена”

Директорот  на Делегацијата на германското стопанство во Република Македонија, Патрик Мартенс, Заменик амбасадорот на Германската амбасада во Македонија, Питер Шалер, Генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер и Генералниот директор на Прилепска пиварница Сашо Самарџиоски традиционално го отворија дванаесеттиот Октоберфест.

“Голема чест ми е да го отворам 12. Издание на Октоберфест, најпопуларниот фестивал на пиво во светот. Пивара Скопје по втор пат е домаќин на овој престижен настан, организиран од Делегацијата на германското стопанство. Велат дека единственото нешто потребно за добро пријателство е доброто пиво. Драги пријатели, партнери и љубители на пиво, денеска сме овде да се обединиме и да го прославиме највеличенствениот пијалак – пивото. Ние, во Македонија, знаеме што е добро пиво. Ние сме горди на нашето широко портфолио на брендови на пиво. Сето ова е поради големата традиција, знаењето, најдобрите пивски мајстори и најнапредната технологија за производство на пиво. Наша мисија е да им овозможиме на сите љубители на пиво да ја почувствуваат магијата на овој прекрасен и уникатен пијалак. Уживајте, но не заборавајте да консумирате одговорно! – изјави Владимир Косијер на отворањето на настанот.

Пивара Скопје за втор пат беше домаќин на оваа престижна манифестација на која присуствуваа гости од бизнис секторот, амбасадори, претставници од медиумите и културата.

Прославата на Октоберфест  во Скопје прерасна во  традиција како значаен настан за градот Скопје, важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу двете земји Македонија и Германија. Октоберфест се слави веќе 200 години во Минхен и на овој настан доаѓаат 6 милиони посетители.

Полна чаша на Instagram