ОГЛАС ЗА РАБОТА: КООРДИНАТОР ВО МАГАЦИН

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • ССП, висока стручна подготовка ќе се смета за предност (бизнис-логистика, економија);
  • Најмалку три години работно искуство во магацин, логистика и дистрибуција во полето на производната индустрија;
  • Мотивација за работа во динамично окружување и мултинационална средина;
  • Силни организациски и аналитички вештини;
  • Одлично познавање MS Office ‒ Excel, Power Point, Internet;
  • Добро познавање англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

Одговара за ефикасна организација на работата и вработените во магацините за готов производ и гарантира квалитетно функционирање на магацинот во својата смена, осигурува квалитет и квантитет на товарење стока за дистрибуција и се грижи за зацртаните цели за време на товарењето согласно компаниските процедури, законските регулативи и стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken.

 

  • Презема лидерска улога и ги ангажира своите колеги во решавањето на проблемите во нивната сфера на одговорност;
  • Соработува со колеги од другите сектори сè со цел да се постигнат заедничките цели;
  • Задолжен/-а е за зголемување на културата за иновации и спроведување нови процедури и за подобрување на тековното работење;
  • Гради ефикасни односи со колегите од тимот, но и со колеги од различни единици (одржување, производство, квалитет, планирање, дистрибуција, итн.), а кога е потребно, и со надворешни клиенти;
  • Ги исполнува програмите и процедурите утврдени во компанијата, вклучувајќи ги барањата на системите за управување со квалитет, безбедност на храна, животна средина, здрави и безбедни услови за работа;
  • Подготвува извештај за товар и истовар на територијата на складот ​​во рамките на неговата смена;
  • Организира и прегледува припремена стока за товарење производи за директна испорака до купувач и испорака до стоваришта согласно претходно подготвени рути;
  • Гарантира доследна примена на принципите на работа FIFO/FEFO преку континуирано следење на залихата на готов производ;
  • Ги организира работата и вработените во магацинот во смената со цел да обезбеди навремено товарење и испорака на готов производ од магацин;
  • Подготвува извештаи за примена амбалажа и палети и ги проследува до супервизорот на магацинот.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографија и писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса: recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Координатор во магацин“ најдоцна до 5.4.2019 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram