ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки за развој со цел да се обезбеди непречен тек во процесот на производство на пиво, согласно зададените стандарди.
Што е тоа што бараме:
- Висока стручна подготовка, предност – Машински факултет;
- Работно искуство во одржување производна опрема;
- Основно познавање на процесите за одржување и инженеринг;
- Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување и мултинационална средина;
- Силни организациски и лидерски вештини;
- Одлично познавање на SAP system & MS Office – Word, Excel, Power Point;
- Напредно познавање на англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност.
Краток опис на основните одговорности:
Преку одржување на процесната опрема представува поддршка за производството на пиво во остварувањето на планираните количини и остварувањето на клучните индикатори, следејки ги законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken.
- Навремено реагира за секоја настаната девијација која отстапува од производните стандарди на Heineken;
- Континуирано ги следи и истражува можностите за подобрувања и ги комуницира на повисоко ниво;
- Го следи и води извршувањето на стратегиите за одржување и инженеринг, донесувањето на одлуки и контролира усогласеност во работата на дневно ниво;
- Ја следи ефикасноста на машините и опремата (OPI & MTBA), анализира и предлага оптимизации;
- Управува со помалку сложени проекти и помалку ризични OTIF кои се задолжителни и се во рамките на буџетот на одделот за одржување;
- Соработува и го поддржува преземањето на одговорност на одделот за одржување со преостанатите оддели;
- Изготвува годишен план за одржување и управува со стандардите за одржување;
- Ја одржува и редовно ја калибрира опремата за редовна погонска анализа;
- Го користи DCS системот за дневна и неделна анализа на процесната опрема, нејзини евентуални отстапки и предлага корекции до супервизорот;
- Активно зема учество во TPM тимовите;
- Ја следи состојбата на резервни делови за опремата и врши нивна набавка кога е потребно;
- Лично придонесува за позитивна тимска атмосфера во погонот за производство на пиво.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидате задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
- да испратат свое кратко резиме и писмо за интерес (на англиски и македонски јазик) на следната e-mail адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Специјалист за одржување”, најдоцна до 12.04.2019 год.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени во предвид.