10 ЗАБАВНИ ФАКТИ ШТО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА FANTA
24 јули 2019
Знаеме дека Фанта е симбол за забава, драгоцени моменти на игра со пријателите и најголем „multiflavor“ бренд во светот. Но кои се оние помалку познати факти кои ја градат приказната на Fanta во повеќе од 190 земји?
- Почетоците на Fanta се во раните 40-ти години на 20 век во Германија, но модерната Fanta Orange настанала во италијанскиот град Неапол во 1955 година. Се подготвувала со користење на локални цитрусни состојки, а ја произведувала и продавала Coca – Cola Export Corporation.
- Fanta е вториот најстар бренд на The Coca – Cola company и втор најголем бренд надвор од границите на САД.
- Името Fanta доаѓа од зборот “Fantasie” што во превод би било „фантазија“, а во светот постојат и некои варијации на името, на пример во Панама се вика Kist.
- Познатиот индустриски дизајнер Рејмонд Луи осмислил меѓу 25 и 30 предлози за изгледот и логотипот на Fanta шишето, за на крај да бидат избрани шишето со заоблен дизајн и “twin-peak” лого дизајнот на Луи.
- Fanta брзо се раширила на други пазари вклучувајќи ги Јужна Африка и САД, а денес е достапна во повеќе од 190 земји.
- Во 1969г. Fanta со вкус на портокал бил најпродаваниот вкус во светот и со слоганот „Толку добра што ќе посакаш да ожедниш“ започнува да се позиционира, користејќи ја уметноста како живописен бренд со разиграни бои.
- 1979г. во согласност со стратегијата за глобална експанзија, Fanta почнала да се продава и во Советскиот Сојуз .
- Долго време Костарика имала ексклузивен Fanta вкус, Kolita. Била особено популарна во Централна Америка во осумдесеттите и деведесеттите години на20 век. Kolita се уште е достапна во Костарика.
- Меѓу 2000г. и 2008г. Fanta влегува во доменот на „Игриците“ и „Разиграната Фантазија“ на тинејџерите повикувајќи ги да бидат креативни, спонтани и не така сериозни. Во таа насока е лансирана “Fantanas” кампањата во САД.
- Меѓу 2008г и 2014г. се појавува нов правец во комуницирањето на брендот Fanta со вклучување на анимирани ликови кои се развивале низ годините.









