УМЕТНОСТА НА КОМБИНИРАЊЕ ХРАНА И ПИВО

Освежувачка сензација со препознатлива арома и горчлив вкус, го буди апетитот, а неговиот екстракт лесно се апсорбира. Содржи мала количина на етил-алкохол и газирано го скокотка грлото.

Пивото содржи витамин Б, многу важни минерали (Mg, Ca, K, Fe, Zn), а покрај јаглените хидрати содржи и протеини, флавоноиди и антиоксиданси.

Основните состојки на пивото се јачмен, вода, пивски квасец и хмељ. Секоја од овие состојки е важна и го одредува видот на пиво, неговата арома и нутритивната вредност. Најчеста житарица која се користи во производството на пиво е јачменот, кој го одредува вкусот, бојата и густината на пивото. Јачменот, заедно со квасецот и хмељот, технички создаваат еден комплетен оброк. Затоа, пивото има многу хранливи материи.

Но, мора да се запамети дека пивото не е замена за вистинска храна. Во него треба да се ужива умерено и да се комбинирано со здрави и балансирани оброци.

Одговорното консумирање пак подразбира уживање во комбинација со одлично зготвена храна. Може како аперитив но и заедно со главното јадење. Појаките пива како јачменовото се користат и како дигестив по јадењето.

Комбинирањето на пивото и храната денес е веќе вистинска уметност. Уметност, при која се внимава на многу работи. Бои, вкусови, температура на консумирање, количина на алкохол, арома, пригода во која се пие определено пиво.

Се комбинира буквално со секоја храна. Со предјадења и мезе, со јадења со месо, риба, разни сирења, горчливи десерти. Општо, пивата одлично се усогласуваат со кисел зеленчук како краставици и пиперки, со печени колбаси, лути мексикански јадења, скара, чадена храна. Горчливите јадења и сирењата одлично се вклопуваат со вкусот на пивото.

Не треба да заборавиме и дека спротивните вкусови исто така добро се комбинираат. Така на пример, чоколадните десерти со горчлива нота одат добро со црни пива. Јако превриените пива се согласуваат со вкусот на риба и ѝ даваат свежина. Со месо (пилешко, јунешко, свинско) може да се пијат лагер пива. Морските плодови како школки и ракчиња добро се согласуваат со темни пива со појак вкус. Со сирење се предлагаат пива чија киселина се согласува со киселината на сирењето. Со зрели сирења, се пијат исклучиво јаки пива.

Што се однесува до пивото како состојка во готвењето, знае да биде незаменливо, особено ако печете месо и сакате да добиете фина, крцкава кора, прелијте го месото со пиво. Тоа, не само што ќе даде крцкава кора, туку и посебна златно-бакарна боја, па месото и на изглед ќе биде прекрасно.

Доволно причини зошто пивото секогаш е дел од вкусна трпеза.

Полна чаша на Instagram