ОГЛАС ЗА РАБОТА: АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ
При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.
Што е тоа што го бараме:
- Најмалку една година работно искуство во Контакт центар и грижа за корисници;
- Одличен однос кон клиенти и потрошувачи;
- Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
- Добро познавање на MS Office – Word, Excel, Power Point;
- Напредно познавање на говорен и пишан англиски јазик.
Краток опис на основните одговорности:
- Управува со сите влезни и излезни повици од клиенти и потрошувачи, ги адресира и решава нивните барања и ги препраќа на повисоко ниво доколку има потреба;
- Изготвува налози за нарачки од влезни и излезни повици, нуди производи од портфолиото на компанијата, ги информира клиентите и потрошувачите за цени и го поддржува тимот за продажба во креирањето на нарачки;
- Управува со барањата од внатрешни и надворешни клиенти и потрошувачи согласно „front office“ процедурите;
- Креира барања во систем за потребата од ладилници и инсталации за точено пиво и обезбедува извештаи;
- Обезбедува лична посветеност и превзема акција за континуирано подобрување на процесите и ситемот;
- Работната рутина ја адаптира кон беспрекорна поддршка согласно системот, корпотаривните иницијативи и најдобрите внатрешни практики.
Наточи искуство, придружи се на тимот Coca – Cola HBC и HEINEKEN!
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 05.02.2020 година.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.