НАТОЧИ ИСКУСТВО, ПРИДРУЖИ СЕ НА ТИМОТ COCA – COLA HBC И HEINEKEN!

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:

Позицијата Унапредувач на пазарот е срцето на Пивара Скопје. Улога каде што го гледаш позитивното влијание од твојата секојдневна работа. Како унапредувач на пазарот ќе бидеш задолжен да го развиваш портфолиото на водечки глобални и локални брендови на пијалaци.

При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Преферираш работа на терен, наместо канцелариска;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
  • Ориентиран си кон потрошувачите и градиш силни врски со нив;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со потрошувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

КАКО ЌЕ ЗНАЕШ ДЕКА СИ УСПЕШЕН:

Со исполнување на целите во: обем на продажба, активација на пазарот, задоволство на потрошувачите, дневно извршување и контрола на опрема.

Со добивање константен фидбек од твојот лидер, тим и потрошувачите.

Наточи искуство, придружи се на тимот Coca – Cola HBC и HEINEKEN!

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес.
          АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN

  • ACCOUNTABILITYTRUSTGROWINGFUNWIN WITH CUSTOMERS AS ONE

 

 

Полна чаша на Instagram