АНАЛИТИЧАР ЗА ПРОДАЖБА

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Позицијата аналитичар за продажба е клучот во протокот на информации помеѓу пазарот и комерцијалниот сектор. Како Аналитичар за продажба ти ќе бидеш главната алка при обезбедувањето информации и евалуација на перформансот на продажба, предупредуваjки на можни ризици и можности.
ДАЛИ СИ ТИ ОВА?
- Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
- Преферираш динамична работа;
- Сакаш интернационална кариера;
- Проактивен/а си и одлучен/а;
- Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
- Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.
ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?
- Високо образование, предност – Економија, Математика и Статистика;
- 2 + години искуство на идентична или слична позиција;
- Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Напредни аналитички вештини и работа со големи бази на податоци;
- Добро познавање на деловниот англиски јазик.
КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:
- Прецизна и навремена изработка на сите потребни анализи за перформансот на компанијата засновани врз историски податоци за продажба, трендови на пазарот и продажни и маркетинг активности;
- Комуникација и координација помеѓу секторот на комериција со останатите сектори со цел идентификување и обезбедување на навремени информации за перформансот на компанијата;
- Подготвува напредни анализи користејки различни алатки и извори на податоци за пазарот, користи иновативен пристап за изработка на извештаите во корелација со бизнис процесите;
- Спроведува редовна евалуација и мерење на клучните бизнис индикатори на компанијата, вклучувајќи ажурирања на месечни/неделни/дневни извештаи, презентации и слично;
- Одговорен/а за подобрување на системот за известување во согласност со релевантите промени во деловното окружување и промените на пазарот.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да пристапат на полето аплицирај веднаш (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 25.01.2021.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.