ТЕХНИЧАР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Го осигурува квалитетот на производот од аналитички и микробиолошки аспект, согласно компаниските процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken. Самостојно врши анализи и одговара за нивната точност низ сите фази на производниот процес, почнувајќи од квалитетот на водата, репроматеријалите, полупроизводите како и готовиот производ.

Што е тоа што го бараме?

  • Високо образование (ПМФ – Институт за Биологија студии по биохемија – микробиологија);
  • Практично или дополнително работно искуство во вршење физичко-хемиски и микробиолошки анализи како и работа со лабораториска опрема ќе се смета за преднос;
  • Мотивација за работа во динамично окружување и во мултинационална средина;
  • Способност за разбирање, обработка и пренос на точни факти и информации;
  • Изразени организациски и аналитички вештини;
  • Основно познавање на пакетот MS Office, познавање на SAP ќе се смета за предност;
  • Добро познавање на пишан и говорен Англиски јазик;


Краток опис на основните одговорности:

  • Го применува системот за квалите и безбедност на храна и учествува во редовниот мониторинг и верификација;
  • Обезбедува исправно спроведување на физичко-хемиските анализи и точност на испорачаните резултати;
  • Врши контрола на квалитет на полупроизводи,пакувачки материјали и суровини за производство.Обезбедува навремени и точни извештаи согласно контролата и редовно генерира податоци во системот;
  • Извршува анализа на мостри и сугерира корективни активности кога е потребно;
  • Ги спроведува активностите на сегментот PQ Pillar ( Progressive Quality), со цел одржување и континуирано подобрување на квалитетот на производите и системот STARLAB во одделот за пиво;
  • Осигурува непречено работење на лабораториската опрема,врши редовна калибрација на апаратите и води записи од неа со кои ги известува претпоставените
  • Ги спроведува успешните практики, идентификувани во оделот за лабораториско работење со останатите операции и имплементира успешни практики од други операции


К
ако да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 02.05.2021 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

Полна чаша на Instagram