


100 ШЕФОВИ НА КУЈНИ НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР ВО МАКЕДОНИЈА



Денес и утре во Скопје, во организација на ГАСТРО МАК – Македонската асоцијација на готвачи и членка на Светската асоцијација на шефови на кујни, на Скопскиот саем се одржува Интернационален гастрономски натпревар.
На натпреварот ќе земат учество над 100 натпреварувачи шефови на кујни од Македонија, Кина, Израел, Шведска, Италија, Швајцарија, Словачка, Египет, САД, Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, а натпреварувачите ќе ги оценува стручно интернационално жири.
Интернационалниот гастрономски натпревар е поддржан од Пивара Скопје чии пијалаци се составен дел од секоја трпеза. Пивара Скопје е редовен поддржувач на манифестации кои имаат имаат за цел промоција на македонската традиција и културно богатство.