ПИВАРА СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО ЕДУКАЦИЈАТА НА ОСНОВЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНИ И ЗДРАВИ ШКОЛСКИ ДЕНОВИ
Веќе четврта година по ред, Пивара Скопје, во соработка со општините, го реализира едукативниот проект на теми поврзaни со здравјето и безбедноста, наменет за учениците од четврто одделение. Оваа година со едукацијата се опфатени над 8.000 ученици во 91 основно училиште во 11 општини и градови ширум земјата. Со ова, вкупната бројка на ученици кои во овие четири години имаат можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови ќе надмине 17.000.
Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, преку кои тие, во присуство на своите наставници, добиваат совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како правилно да го носaт школскиот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.
Презентациите на волонтерска основа ги изведуваат над 70 вработени во Пивара Скопје кои редовно се обучуваат во областа на здравјето и безбедноста при работа, со што стекнуваат соодветно знаење кое преку овој проект имаат можност да им го пренесат и на учениците.
„Во изминатите три години наидовме на исклучително позитивен прием кај учениците кои со голем енузијазам ги прифаќаат советите што им ги пренесуваме преку овие презентации. Тоа дополнително нѐ охрабри да продложиме со проектот чија цел е да ја поттикне и развие свеста кај најмладите за значењето на правилата кои обезбедуваат безбедни и здрави школски денови“, изјави Ламбро Патче – менаџер за јавни работи и комуникации во Пивара Скопје, потсетувајќи дека оваа година компанијата започна и проект за едукација на учениците од прво до петто одделение за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот. „На ваков начин, преку спој на едукација и забава, се обидуваме кај најмладите да создадеме здрави навики и вистински однос кон заштитата на животната средина кои според сите искуства најдобро се стекнуваат уште во рана возраст. Среќни сме што имаме ваква можност преку која можеме да го дадеме нашиот придонес кон создавањето здрава генерации и одржлива иднина за сите“, потенцира Патче.
Пивара Скопје континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и на потрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на ова поле, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во земјата која го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001.