ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

Доколку сте подготвени за истражување, анализирање и преговарање тогаш имаме одлична работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки. Како специјалист за набавки ќе управувате со определени категории и добавувачи со што ќе помогнете во исполнување на поединечните и тимските KBI’s.

 

Што е тоа што бараме:

  • Висока стручна подготовка
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на набавки
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик
  • Солидно познавање на MS Office, особено Excel

 

Краток опис на основните одговорности:

Во согласност со процедурата гарантира обезбедување на навремени и квалитетни набавки на индиректни категории, приоритизирање, избор на добавувачите, врши редовно надгледување и контрола на договорените услови со цел да оствари ефикасни, квалитетни набавки и заштеди.

 

  • Постојано ги истражува и следи состојбите на пазарот (sourcing) и на понудувачите, како и економските, индустриските и другите трендови кои влијаат врз цените, изборот и нарачките за индиректни категории.
  • Бара и прибира понуди (RF’x процес) од понудувачи и остварува секојдневни контакти со добавувачи во согласност со процедурите на компанијата.
  • Преговара со добавувачи и гради добри односи во согласност со правилниците и процедурите на компанијата.
  • Врши евалуација во врска со интервентни, месечни и годишни набавки  со цел да ги утврди условите и да ги усогласи со правилниците и процедурите на компанијата и учествува во изборот на добавувач
  • Ги менаџира рекламациите и жалбите на интерните купувачи спрема добавувачите
  • Проактивен пристап во управувањето со доделените категории
  • Учествува во меѓународни проекти во рамките на двете корпорации (Coca Cola Hellenic и Heineken)
  • Ги анализира и следи постигнатите резултати

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да испратат свое CV (англиски и македонски јазик) со Назнака “Специјалист за набавки на следната e-mail адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com најдоцна до 18.06.2018 година.

Полна чаша на Instagram