АМБАСАДАТА НА САД СО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЛИДЕРСКАТА УЛОГА НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ

Во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја, 22-ри aприл, вчера во посета на Пивара Скопје беа претставниците од Американската амбасада Дијана Палекин, вршител на должноста Шеф на секторот за политички и економски прашања и Арбен Гега, Советник за трговски прашања со цел оддавање признание на Пивара Скопје за лидерската улога која ја има во земјата во делот за одржлив развој.

Во рамки на посетата, и покрај тоа што не беше во можност физички да присуствува, генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, им се обрати on-line, споменувајќи ги досегашните достигнувања и силните заложби што Пивара Скопје ги има во одржливиот развој:

  • 7 пати победници во Dow Jones индексот на одржлив развој меѓу компаниите за пијалаци, како дел од семејството на Coca Cola HBC
  • Меѓу првите компании со „А – Интегрирана еколошка дозвола“ од Министерството за животна средина, која беше обновена минатата година во присуство на амбасадорот на САД
  • Основач и најголем инвеститор во ПАКОМАК – водечка компанија за собирање отпад во земјата
  • Дел од поширокиот тим на членови на ПАКОМАК кои ја поддржаа иновацијата во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии и студентите, преку изработка на 3 пилот машини за собирање на отпад веќе поставени кај нашите купувачи, лоцирани во Куманово, Липково и Крива Паланка
  • Прва компанија со сопствена постројка за третман на отпадни води

Претставниците на Американската амбасада ја посетија Пречистителната станица, а беа и во обиколка на производствениот дел за безалкохолни пијалаци и се интересираа за формулата за успех како два пати се добива признанието за најдобра Coca-Cola во светот. Обиколката ја продолжија во Едукативниот центар, каде се информираа за прогресот и предизвиците на програмата за бесплатни обуки за млади „Вештини за успех“ во време на Covid-19.

Амбасадата на САД и дава постојана поддршка на Пивара Скопје, меѓудругото и преку нивното партнерство и учество во волонтерските акции “Are you recycling” што ги имавме во изминатите неколку години и неодамнешното менторство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз на Youth Empowered.

Посетата беше организирана во согласност со работните Covid-19 протоколи во Пивара Скопје.

Полна чаша на Instagram