
CCHBC И ПИВАРА СКОПЈЕ ДОБИЈА НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 9-ТА ГОДИНА ПО РЕД
Со големо задоволство ве известуваме дека 9-та година по ред, CCHBC доби највисоки оценки (ААА) во полето на одржлив развој од MSCI ESG Ratings. Дополнително, Групацијата беше вклучена во FTSE4Good индексот каде што е оценета со највисоките оценки во полето на корпоративно управување, здравје и безбедност, антикорупција, климатски промени, безбедност на вода и човекови права.
Овие достигнувања покажуваат дека стратегијата за одржлив развој и напредокот што го правиме нè приближуваат до целта за Нула емисии на CO2 во атмосферата до 2040-та година и ја потврдуваат нашата позиција како лидери во индустријата.
На локално ниво, во делот на безалкохолни пијалаци, инвестирањето во новата линија за безалкохолни пијалаци придонесе за намалување на потрошувачката на вода и енергија, исполнување на сите стандарди за безбедност и здравје и воведување на претформи со најмала тежина во својата класа. Најновите резултати за месец јули покажуваат дека соодносот на потрошувачка на вода е подобрен за 26%, а за енергија – 38% во споредба со лани.
Во пивскиот дел имаме постигнато одлични резултати со намалување на потрошувачката на вода од 10,3% во споредба со лани, а потрошувачката на енергија е намалена за 16,75%. Нашиот темелен пристап кон потрошувачката на топлинска енергија и оптимизацијата на системите за греење и ладење придонесоа кон намалување на трошоците, но и го зголемија ефикасното користење на енергијата за 7,4% во споредба со лани.
Од општите активности кои ги правиме на тема одржливост и помагање на заедницата издвојуваме дека од почетокот на годинава имавме вкупно 505 учесници на Youth Empowered програмата, а од минатата година досега, со помош на стекнатите вештини од програмата се вработиле вкупно 68 учесници.
Чекор напред во нашите амбициозни цели и заложби од платформата „Свет без отпад“ и иницијативата за Нула емисии на CO2 во атмосферата беше и воведувањето на прицврстени капачиња кои до крајот на оваа година ќе бидат применети кај сите наши брендови на безалкохолни пијалаци.
Нашиот најголем пивски бренд, СКОПСКО, ја лансираше кампањата „Наша гордост, наша одговорност“ која има за цел да придонесе за чисти национални обележјa. Започнавме со активности во охридскиот регион , а во план се уште многу активности за чистење на Охридското езеро и подигнување на свесноста кај општата јавност за зачувување на овие обележја.
За крај, упатуваме голема благодарност до сите волонтери #Пиварци кои одвоија дел од своето време и учествуваа во волонтерски активности, од кои најголема годинава беше Генералка Викенд, каде што учествуваа 30 Пиварци и придонесоа за собирање на 252 тони отпад низ 52 општини во земјата.
Продолжуваме заеднички да градиме одржлива иднина!