




COCA-COLA КУПОТ Е МОДЕЛ ЗА ГРАДЕЊЕ ОПШТЕСТВО СО СПОРТСКИ НАВИКИ
Интервју со Цено Александровски, Отворени Забавни Фудбалски Школи





Некогаш голем фудбалски ас, а денес драг соработник на Пивара Скопје, Цено Александровски е главната движечка сила на организацијата „Отворени забавни фудбалски школи (ОЗФШ)“ која прави сè на најмладите да им ја всади љубовта кон најважната споредна работа на светот. Благодарение на него и на неговите блиски соработници, неколку години по ред повеќе илјади деца годишно истрчуваат на фудбалски терен гордо носејќи го дресот на Coca-Cola купот.
Неговиот ведар дух, искрената љубов кон спортот и посветеноста на идејата да активира колку што е можно повеќе деца, го прават еден од оние луѓе кои посакувате да ги има повеќе. Одвојте малку време и прочитајте за она што тој го сподели со нас уживајќи со Coca-Cola и кафе на есенското сонце во кафулето на спортскиот центар „АБЦ“.
Од кога датира соработката помеѓу Пивара Скопје, Coca-Cola и организацијата “Отворени забавни фудбалски школи”?
Соработката започна во 2012 година со почетокот на првиот Coca-Cola куп.
Дали младите во Македонија се активни во однос на нивните врсници во другите земји?
За разлика од почетокот на програмата на ОЗФШ во Македонија во 2000 година, кога бевме едни од ретките невладини организации што промовираа спорт и спортски активности кај младите, денес е сè поголем бројот на организации кои се занимаваат со организација и промоција на спортот и спортските навики, а со тоа од ден на ден секако се зголемува и бројот на активни млади луѓе.
Ја разбираат ли младите во Македонија важноста за создавање здрави животни навики преку практикување физички и спортски активности и одржување соодветна рамнотежа помеѓу внесената и потрошената енергија како клучен фактор за здрав и исполнет живот?
Со самото вклучување во активности како Coca-Cola купот и останатите спортски активности кои ги организира нашата организација, се трудиме што повеќе млади луѓе да се вклучат во активностите, а, секако, најмногу во фудбалот како најважна споредна работа во светот. И на таков спортско-активен начин да ја пренесеме пораката за колку што е можно повеќе трошење калории во текот на денот.
Каков е приемот на родителите, одговорните во образованието и општините на Coca-Cola купот?
Поддршката на родителите, одговорните во образованието и општините во однос на Coca-Cola купот е голема и се вклопува во нашата визија за колку што е можно повеќе засегнати страни меѓусебно да соработуваат, особено што повеќе претставници од граѓанскиот, општествениот, јавниот и од приватниот сектор.
Каде е клучот на успехот во соработката помеѓу Coca-Cola, Пивара Скопје и организацијата„ Отворени забавни фудбалски школи“? Што ве прави уникатни и различни од другите спортски настани од ваков тип?
Можноста секој да учествува, да се почувствува добредојден и да спортува без оглед на талентот е уникатната работа што се случува со самото учество во Coca-Cola купот. Ова, секако, е возможно само со заемна поддршка на општествено одговорни компании како Пивара Скопје и The Coca-Cola Company, општините, oсновните училишта и НВО (невладините организации), како што е нашата организација, и нивната заемна соработка и меѓусебна доверба.
Постои ли интерес и желба кај младите за понатамошна реализација на овој проект? Се бара ли дрес повеќе?
Секако дека интересот за учество на младите во Coca-Cola купот од година на година се зголемува, и тоа може да се види од бројот на учесниците, деца и млади, и од учеството на сè повеќе општини, основни и средни училишта од Македонија. Секако дека и медиумската застапеност е особено важна за популаризација на Coca-Cola купот, и сметаме дека зазема видно место во медиумите за време на одржување на настаните.
Има ли Македонија критична база на обучени тренери, инструктори, асистенти и спортски лидери кои ќе продолжат да ги инспирираат младите за создавање здрави животни навики преку практикување физички и спортски активности?
Сметаме дека оваа целна група е најважниот сегмент во пренесувањето на пораката за здрави животни навики и нивното вклучување во вакви манифестации е од особено значење како за нивниот личен развој и надградба, така и за целокупното општество и живеење, пренесувањето на позитивниот дух и енергија кај младите. Оваа целна група која најмногу време во текот на денот поминува со младите и во врска со нивното учество и мотивација е клучен фактор за успешна реализација на Coca-Cola купот.
Колку е тешко да се поттикне спортскиот и натпреварувачкиот дух кај денешната младина?
Секако дека младите се желни за натпреварување и учеството на вакви манифестации е голем предизвик за нив, но важно е да се има правилен пристап кон почитување на играта, кон противникот и промовирање одредени животни вредности како што се тимскиот дух, комуникација и соработка. Секако дека е многу важно ова да се направи на отворен и транспарентен начин, кој е многу лесно прифатлив за сите учесници и засегнати страни во Coca-Cola купот. На тоа ние посветуваме посебно внимание.
Како да се привлечат што повеќе млади луѓе на спортските терени во Македонија?
Вклучувањето на сите релевантни фактори од заедницата во промоцијата на спортските активности и трошењето калории како важен сегмент од секојдневното живеење и поддршката од општествено одговорни компании како Пивара Скопје, The Coca-Cola Company и невладини организации, клубови, школи и сл. секако дека ќе придонесе што повеќе млади да бидат вклучени во спортските активности и на спортските терени низ државата. И овде повторно ќе истакнеме како организација дека се неопходни меѓусебна комуникација и соработка на сите релевантни структури во општественото живеење. Вклучувањето спортски амбасадори е од особено значење за промоцијата на спортот кај младите кои ги препознаваат своите идоли и би сакале еден ден и тие да ја достигнат нивната слава и популарност.
Кои се другите активности планирани од оваа меѓународна невладина организација конкретно тука кај нас?
„Отворените забавни фудбалски школи“ активно работат на сите нивоа во промоцијата на спортот како култура на живеење и создавање здрави навики кај децата и младите, со цел да ја зајакнат самодовербата кај младите како активен дел од изградбата на целокупното општество. Се трудиме да ги промовираме соработката и партнерството на повеќе организации меѓусебно, како можност за што поголемо вклучување и застапеност на младите во нашите активности и пренесување на пораката за активен животен стил. Наша желба е во 2016 година да се обидеме да организираме неколку спортски кампови и турнири по урнекот на Coca-Cola купот и, секако, колку што е можно поголемо вклучување други партнери и поддржувачи за да може поголем број млади луѓе да ги направиме активни во спортскиот живот.
Како се вклопува соработката со Пивара Скопје во целите на „Отворени забавни фудбалски школи“?
Визијата на „Отворените забавни фудбалски школи“ е поврзување на јавниот, приватниот и невладиниот сектор и нивна меѓусебна соработка во изградбата и развојот на граѓанското општество и заедницата во РМ. Мислам дека оваа соработка помеѓу Пивара Скопје, општините, училиштата и ОЗФШ како претставници на невладиниот сектор со организирањето на Coca-Cola купот ќе биде модел за во иднина како треба да се работи со меѓусебна поддршка и заемна доверба на изградбата на нашето општество преку пренесување на здравите животни и спортски навики.