Ние го сакаме пивото

ГО СЛАВИМЕ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПИВОТО

Ние го сакаме пивото

Денес ГО СЛАВИМЕ меѓународниот ден на пивото!

 Уметноста на правење пиво е во срцето на нашето постоење.

Пивара Скопје преку нашата платформа „НИЕ ГО САКАМЕ ПИВОТО“ е постојано посветена да ги поттикнува сите љубители на пивото, искрено да уживаат во консумирањето и ширењето на пивската култура.

Имаме илјадници причини поради кои го сакаме пивото, a ние сме тие кои им даваме живот на многуте убави нешта кои се поврзани со пивото и позитивната улога која пивото ја има во животите на луѓето доколку се консумира одговорно.

Ние го сакаме пивото затоа што нè зближува. Тоа носи уживање.

Веќе 92 години ја споделуваме приказната за пивото како 100% природен пијалак, магичните состојки, процесот,  вкусовите, правилата за комбинирање на пиво и храна и како да наточите совршено пиво.

Нашата страст и знаење како амбасадори на Пивара Скопје ја споделуваме со  нашите купувачи, потрошувачи, бизнис партнери, семејството, пријателите, со еден збор секој кого го познаваме може да биде наш амбасадор на пивото, затоа излезете денес и дружете се со вашите најблиски и почестете ги со пиво.

Славете го 5 август, меѓународниот ден на пивото и консумирајте одговорно, што посебно значи да не возите доколку пиете!

Полна чаша на Instagram