
ИНЖЕНЕР ЗА ПЛАНИРАНО ОДРЖУВАЊЕ
Детали за работната позиција:
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки за развој со цел да обезбеди непречен тек во процесот на производство на пиво, согласно зададените стандарди.
Што е тоа што го бараме?
- Висока стручна подготовка, насока Машински или Електро факултет;
- Работно искуство во одржување на производна опрема;
- Основно познавање на процесите за одржување и инженеринг;
- Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување и мултинационална средина;
- Силни организациски и лидерски вештини;
- Одлично познавање на SAP system & MS Office – Word, Excel, Power Point;
- Напредно познавање на англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност;
- Познавање и следење на процедурите за безбедност и здравје при работа.
Краток опис на основните одговорности:
- Преку одржување на процесната опрема претставува поддршка за производството на пиво во остварувањето на планираните количини и остварувањето на клучните индикатори, следејки ги законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken;
- Навремено реагира за секоја настаната девијација која отстапува од производните стандарди на Heineken;
- Континуирано ги следи и истражува можностите за подобрувања и ги комуницира на повисоко ниво;
- Го следи и води извршувањето на стратегиите за одржување и инженеринг, донесувањето на одлуки и контролира усогласеност во работата на дневно ниво;
- Ја следи ефикасноста на машините и опремата (OPI & MTBA), анализира и предлага оптимизации;
- Управува со еднставни проекти и помалку ризични OTIF кои се задолжителни и се во рамките на буџетот на одделот за одржување;
- Соработува и го поддржува превземањето на одговорност одделот за одржување со преостанатите оддели;
- Изготвува годишен план за одржување и управува со стандардите за одржување;
- Ја одржува и редовно ја калибира опремата за редовна погонска анализа;
- Го користи DCS системот за дневна и неделна анализа на процесната опрема, нејзини евентуални отстапки и предлага корекции до супервизорот;
- Активно зема учество во TPM тимовите;
- Ја следи состојбата на резервни делови за опремата и врши нивна набавка кога е потребно;
- Лично придонесува за позитивна тимска атмосфера во погонот за производство на пиво
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 11.10.2021 год.
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 часа неделно.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.