ОГЛАС ЗА РАБОТА: КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА КУМАНОВО

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен така и за кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б-категорија
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
  • Добро познавање англиски јазик
  • Чувство за односи со клиенти

Краток опис на основните одговорности:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Нудиме атрактивен бенифициски пакет комбиниран со месечен бонус и можност за континуирано учење и раст заедно со најголемите брендови на македонскиот пазар. Биди дел од интернационалното семејство на Coca-Cola и Heineken!

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата, „КОМЕРЦИЈАЛИСТ – за КУМАНОВО“, најдоцна до 28.09.2018 година.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram