МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ, АНГЕЛОВСКА МЕНТОР НА БЕСПЛАТНАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“ – „БИДЕТЕ ПРОАКТИВНИ И НАД ПРОСЕКОТ“

На вчерашната бесплатна обука „Вештини за успех“ во Едукативниот центар во Пивара Скопје, на учесниците од 53-тата група им се обрати министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Искористете го максимално вашиот потенцијал и барајте можност каде другите не можат да ја најдат. Бидете проактивни и над просекот, како во професионалниот, така и во приватниот живот. И не заборавајте дека упорноста, оптимизмот и ентузијазмот ќе ви помогнат да ги надминете предизвиците и да станете посамоуверени и посилни“, – ваква порака им упати Ангеловска на учесниците. Таа е една од менторите кои волонтерски се вклучуваат во програмата за едукација на млади во Пивара Скопје.

„Програмата за бесплатна едукација за невработени млади лица од 18 до 30 години е поддржана и од Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика со кои имаме потпишано меморандум за соработка. Во 2019 година над 1.700 млади лица поминаа низ обуката. Околу 45% од лицата кои ја поминаа обуката во првата половина од минатата година се вработија или  започнаа со сопствен бизнис, додека 65% од лицата вклучени во програмата се жени, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје“ – Ламбро Патче.

Целта на обуките е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори, за охрабрување на претприемничката култура и за мотивирање на младите. Освен предавањата во училница се организираат и курсеви за едукација кои можат да се следат преку дигиталната платформа, Digital Hub.

Полна чаша на Instagram