
MOVEMBER 2022 – ГИ „ЗАСУКАВТЕ“ ЛИ МУСТАЌИТЕ ОВОЈ МЕСЕЦ?
Овој ноември наздравуваме за Movember – водечката глобална добротворна организација за подигнување на свеста за машкото здравје. Од скромни почетоци, движењето Movember прерасна во најпознатото глобално движење кое се залага да ја подигне свеста за глобалната машка здравствена криза и да иницира важни разговори за отстранување на стигмата околу проблемите со здравјето на мажите.
Како и секоја, така и оваа година, целта на движењето е да ја подигне свеста за менталното здравје на мажите и превенцијата од самоубиства, рак на простата и рак на тестисите.
Ноември – месецот кога мажите се обидинуваат за своето здравје
На сите ни е познато што се случува секоја година во средината на есента – уживаме во бескрајната палета на бои и мириси, полека ја отвораме сезоната на долги моменти со пријателите придружени со печени костени, темно пиво и мустаќи со пена.
Приказната за Movember мустаќите започнува пред 17 години како забавен експеримент предводен од група австралијци кој се претвори во добротворна организација која поддржува разни иницијативи за здравјето на мажите, вклучувајќи рак на простата, тестисите и рак на дебело црево, превенција и грижа за ментално здравје, самоубиства, родителство и општо здравје. Тоа не е само тренд кој мажите ширум светот го прифатија туку има длабоко значење и испраќа силна порака до целата популација.
Имено, истражувања покажуваат дека ракот на простата е најчест тумор кај машката популација. Од друга страна, ракот на тестисите е тумор кој главно ги погодува младите меѓу 20 и 40 години. Раното откривање на двата вида на рак е од суштинско значење за да може да се започне со соодветниот третман што е можно поскоро и да се зголемат шансите за излекување.
Што се однесува до менталното здравје, борбата со депресијата и анксиозноста зема замав. Тоа се должи на сѐ поголемиот стрес што потекнува од трката со брзото секојдневие, надворешните фактори и влијанија, но и сѐ помалку време за себе и пиво со пријателите.
Интересни факти за мустаќите
- Најдолгите познати мустаќи се долги 426 сантиметри и му припаѓаат на Рам Синг Чаухан и истите се влезени во Гинисовите рекорди. Чаухан почнува да ги расте мустаќите во 1982 година, а светскиот рекорд му бил доделен во 2010 година.
- Функцијата на брадата и воопшто влакната на лицето е заштита од сонце. Едно истражување открива дека брадата може да спречи ризик од УВ оштетување на кожата за неверојатни 95%, во зависност колку е дебела брадата.
- Постои светски шампионат за брада и мустаќи. Се одржува на секои две години на различни локации низ светот.
- Дали ви е познат зборот погонотомија? Истиот значи– сечење на брада, бричење.
