ОГЛАС ЗА РАБОТА: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР – АВТОМАТИЧАР

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

Што е тоа што го бараме:

  • Средна стручна подготовка во областа на електро-техничка струка или автоматика;
  • Најмалку три години работно искуство со Eлектротехника-Aвтоматика на производни линии;
  • Изразена способност за превентивно решавање проблеми, логика, споредба и квалитетна одлука;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Подготвеност за работа во смени;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Читање и применување техничка документација;
  • Работа со мерни инструменти, контролери и рачунала.

Краток опис на основните одговорности:

  • Ги извршува сите планирани превентивни и корективни задачи во одделот за одржување и енергетика;
  • Учи, тренира и ја поддржува CILT изведбата;
  • Редовно пополнување на работни налози и следење на ефикасност на линиите во SAP систем;
  • Подржува подготовка на SMED сетингзи и истандарди за промени;
  • Репарира оштетени делови, и врши анализи на настанати дефекти;
  • Води контрола на работата на машините и навремено информира доколку на истите е потребна одредена превентивна или корективана интервенција;
  • Одговара за редовна и точна евиденција на алатот и машините што се користат во одделот за одржување;
  • Ја одржува просторијата за подготовка.

Биди дел од интернационалното семејство на Coca-Cola HBC и HEINEKEN!

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 19.10.2019 година.
          АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Полна чаша на Instagram