ОГЛАС ЗА РАБОТА: ОПЕРАТОР ЗА ПОДГОТОВКА НА СИРУП И ТРЕТМАН НА ВОДА

Одговорен е за квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи во одделот сирупана, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование или ССП во областа на Прехранбени технологии или Менаџмент на квалитет;
  • 1 + години работно искуство во производство;
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на целите на работата;
  • Води евиденција за призведени количини на производ;
  • Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
  • Води точна и прецизна евиденција за работата во сирупаната при одделот за производство на безалкохолни пијалаци;
  • Превзема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
  • Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
  • Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство.

Наточи искуство, придружи се на тимот Coca – Cola HBC и HEINEKEN!

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 22.03.2020 година.
          АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram