ОГЛАС ЗА РАБОТА: СОРАБОТНИК ЗА ТРЕЈД МАРКЕТИНГ
ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. Ќе развиваш тактики преку креирање иновативни и ефективни промотивни активности, визуелни програми и соодветно позиционирање на нашето портфолио со цел да се постигнат продажните цели на нашите брендови.
Ова е одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.
ДАЛИ СЕ ОВА ТВОИТЕ ТАЈНИ СОСТОЈКИ?
- Ти си тимски играч и имаш желба за интернационална кариера;
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Претходно искуство од мин. 2 години во маркетинг, комерција или продажба;
- Имаш високо образование, предност Маркетинг;
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Добро познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б – категорија.
ТВОИТЕ КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Планирање, координирање и развивање на проекти согласно зададените временски рамки;
- Доставување фидбек од редовни посети на пазарот и дефинирање корективни мерки за активација и промоција;
- Планирање на потребните ресурси за дадениот канал;
- Подготување на маркетинг активности и евалуација на нивната ефективност и успех;
- Креирање маркетинг кампањи и соработување со надворешни агенции.
Наточи искуство, придружи се на тимот Coca – Cola HBC и HEINEKEN!
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 25.01.2020 година.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.