ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ
Доколку сте подготвени за истражување, анализирање и преговарање тогаш имаме одлична работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки. Како специјалист за набавки ќе управувате со определени категории и добавувачи со што ќе помогнете во исполнување на поединечните и тимските KBI’s.
Што е тоа што бараме:
- Висока стручна подготовка
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на набавки
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
- Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи
- Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
- Одлично познавање на деловен англиски јазик
- Солидно познавање на MS Office, особено Excel
Краток опис на основните одговорности:
Во согласност со процедурата гарантира обезбедување на навремени и квалитетни набавки на индиректни категории, приоритизирање, избор на добавувачите, врши редовно надгледување и контрола на договорените услови со цел да оствари ефикасни, квалитетни набавки и заштеди.
- Постојано ги истражува и следи состојбите на пазарот (sourcing) и на понудувачите, како и економските, индустриските и другите трендови кои влијаат врз цените, изборот и нарачките за индиректни категории.
- Бара и прибира понуди (RF’x процес) од понудувачи и остварува секојдневни контакти со добавувачи во согласност со процедурите на компанијата.
- Преговара со добавувачи и гради добри односи во согласност со правилниците и процедурите на компанијата.
- Врши евалуација во врска со интервентни, месечни и годишни набавки со цел да ги утврди условите и да ги усогласи со правилниците и процедурите на компанијата и учествува во изборот на добавувач
- Ги менаџира рекламациите и жалбите на интерните купувачи спрема добавувачите
- Проактивен пристап во управувањето со доделените категории
- Учествува во меѓународни проекти во рамките на двете корпорации (Coca Cola Hellenic и Heineken)
- Ги анализира и следи постигнатите резултати
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да испратат свое CV (англиски и македонски јазик) со Назнака “Специјалист за набавки” на следната e-mail адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com најдоцна до 18.06.2018 година.