ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗЛАДНА ОПРЕМА
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- ССП, висока стручна подготовка ќе се смета за предност;
 - Најмалку три години работно искуство со евиденција и ажурирање системска база на податоци, планирање, изработка на извештаи и водење проекти;
 - Познавање технички карактеристики за ладилници и разладна опрема ќе се смета за предност;
 - Одличен однос кон клиенти и потрошувачи;
 - Добро познавање MS Office ‒ Word, Excel, Power Point;
 - Добро познавање англиски јазик.
 
Краток опис на основните одговорности:
Одговара за главните податоци на опремата, го поддржува планирањето понуда и побарувачка и води активности на планирање во корелација со тимот за теренска продажба. Осигурува дека набавките и отстранувањата на разладната опрема се вршат навреме и во согласност со законските регулативи и компаниските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken.
- Го планира и го координира поставувањето на разладната опрема кај купувачите заедно со тимот за теренска продажба, со цел да оствари поголема покриеност согласно компаниските цели;
 - Го координира мерењето на профитабилноста на опремата за ладни пијалаци и го проследува до менаџерот за разладна опрема и до тимот за теренска продажба;
 - Го контролира процесот за скенирање на опремата за ладни пијалаци и фонтани и ги комуницира варијациите до тимот за теренска продажба за планирање дејства;
 - Ги планира и ги координира набавките за разладна опрема и спроведува процени за континуитет (вид, категорија, модел и бренд), осигурувајќи намалување залихи;
 - Ги осигурува инвентарите на разладна опрема во сите магацини и складишта редовно во согласност со процедурите;
 - Осигурува точност на податоците за опремата за ладни пијалаци и фонтани со редовно ажурирање на промените во системот за евиденција;
 - Го координира техничкиот процес на отстранување на разладната опрема за расход;
 - Континуирано е посветен на намалување на влијанието на компанијата врз животната средина преку набавка на разладна опрема со ЕМД – заштеда на енергија во согласност со компаниските начела;
 - Осигурува големо задоволство кај клиентите.
 
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
Да пратат своја кратка биографија и писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Специјалист за разладна опрема“, најдоцна до 29.3.2019 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.









