УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА БИТОЛА, РЕСЕН И ПРИЛЕП

ДЕТАЛИ ЗА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:

Позицијата Унапредувач на пазарот е срцето на Пивара Скопје АД. Истата исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи преку која секојдневно го согледуваш влијанието од твојот влог. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, покрај редовната работа, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за позицијата лидер на тим и да го развиваш нашиот бизнис. Зграпчи ја можноста и стани дел од светот на Coca Cola HBC & HEINEKEN.

 

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Преферираш работа на терен, наместо канцелариска;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со разновидни луѓе;
  • Ориентиран си кон потрошувачите и градиш силни врски со нив;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

 

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

 

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со потрошувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

 

КАКО ЌЕ ЗНАЕШ ДЕКА СИ УСПЕШЕН:

Со исполнување на целите во: обем на продажба, активација на пазарот, задоволство на потрошувачите, дневно извршување и контрола на опрема.

Со добивање константен фидбек од твојот лидер, тим и потрошувачите.

 

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето апллицирај (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 25.02.2021 год.

 

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

Полна чаша на Instagram