ОХРИД ПИВО ФЕСТ – УРБАНА ЗАБАВА СО КВАЛИТЕТНО ПИВО И БОГАТ МУЗИЧКИ ИЗБОР

Збогатување на охридската туристичка понуда

Од 30-ти јули до први август годинава на Билјанини извори во Охрид за прв пат ќе се одржи Охрид пиво фест во организација на „Урбан денс“. Богатата музичка понуда, сите љубители на урбана забава и одлично пиво ќе можат да ја проследат бесплатно

Охрид од денес, па до први август ќе биде домаќин на фестивалот Охрид пиво фест, кој за прв пат се одржува годинава. Генерален поддржувач на фестивалот е СКОПСКО, а својата поддршка ја дава во насока на збогатување на туристичката понуда и културно-забавниот живот во најголемиот македонски туристички центар Охрид.

„Нашиот бисер Охрид заслужува поддршка на неговиот најголем адут – туризмот. Од друга страна пак, туризмот е поврзан со дружење и забава, а со овие две работи секако се поврзува и нашето најдобро – СКОПСКО. Искрено веруваме дека сите посетители ќе уживаат во квалитетното пиво, добрата храна и богатиот музички избор и со текот на времето овој фестивал ќе стане препознатлив за летните случувања во Охрид“, изјави Мартина Мишеска, менаџер за пивски брендови во Пивара Скопје АД.

За време на тридневната урбана забава, сите посетители на Охрид пиво фест, ќе можат да уживаат во одлично пиво и добра музичка програма распоредена во трите денови на фестивалот.

Организаторот на фестивалот „Урбан денс“ најавува богата музичка програма. Во тридневната музичка понуда ќе настапат популарни бендови и музичари, меѓу кои македонска рок група „Ареа“, Владо Јаневски, хип хоп ѕвездата на младата генерација Слаткаристика, „Деј оф“, „Фанки панкс“, „Ај Кју“, Дуле и Коки, „Саут парк“, „Бета Хаус“, „Пеинтид“, трубачките сензации „Анѓушеви„ и „Кочани оркестар“. Покрај домашните музичари, на фестивалот „Охрид пиво фест“ ќе настапат и гостите од Србија, групите „Ван Гог“ и „Рибља Чорба“.

„Главната цел на Фестивалот е да понуди забава не само во вечерните часови, туку и преку ден. Во таа насока ќе има и попладневни забави со познати македонски DJ–и од домашната клубска сцена“, додаваат од „Герила Маркет“

Фестивалот ќе се одржува на Билјанини извори, влезот ќе биде бесплатен, а пивото ќе се нуди по промотивни цени.

Полна чаша на Instagram