Ние и заедницата

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАДЕ Е НАЈВКУСНИОТ ВАРЕН ЃЕВРЕК?

Ние и заедницата

Ѓеврекот верувале или не, потекнува уште од стара Византија. И ден денес некои држави пробуваат да докажат и да го присвојат потеклото на ѓеврекот, но едно со сигурност можам да ви кажам, ние го имаме највкусниот ѓеврек.

Многумина би рекле дека Охрид е препознатлив по Охридското Езеро, охридската пастрмка, охридскиот бисер, но дали списокот е целосен ? Да, се согласувам дека се препознатлив симбол и неодвоив дел од градот и нашата држава, но сепак на прво место во мојата „bucket“ листа доминира незаменливиот охридски варен ѓеврек. Не верувам дека нешто би можело да ги замени волшебната арома на охридскиот варен ѓеврек која се шири рано наутро низ старата чаршија и  крцкавиот вкус, ммммм 😊. Охридскиот ѓеврек со неговиот  совршен рецепт ќе ви ја закрепне снагата и ќе ви го наполни стомачето. Богат со протеини, јаглехидрати и растителни влакна – добар начин да се започне денот, а може да биде и добра закуска помеѓу два оброка.

Во неговиот состав го има најубавото пченично брашно, сол, квасец, шеќер, сусам и вода.  Рецептот е едноставен, но ајде да те видам погоди го! Откако ќе се замеси тестото, се дели на топчиња и се обликува во својата  надалеку препознатлива форма. Се става во врела карамелизирана вода за да се свари. Откако ѓевречињата ќе испливаат на површина, се носат право во фурната за да се испечат. Совршено се испечени кога тоа ќе го каже најискусниот мајстор Горан, вработен во Жито Леб-Охрид.

Ние ја имавме честа да бидеме поканети во фабриката која ги произведува највкусните охридски варени ѓевречиња за да можеме да видиме и да се увериме со свои очи како се прави овој гурмански бисер. Би сакал да изразам огромна благодарност до вработените, кои не само што беа гостопримливи, туку и целосно посветени да ни ја покажат магијата на правење на охридските варени ѓевречиња чувана низ вековите и пренесувана како традиција од старите мајстори од колено на колено до ден денес.

Но и покрај тоа што името на овој превкусен ѓеврек, јасно гласи дека е “охридски”, истиот веќе од поодамна  може да се најде и во други градови низ нашата држава.

Познавам луѓе кои, додека ѓеврекот можеше да се најде само во Охрид, без размислување поминуваа 178 километри само за да пробаат охридски варени ѓевречиња… А, колку само нарачки добивале да однесат кај најблиските. Ахххх… вие охриѓани – прво нè освоивте со Охридското Езеро, а сега и со охридскиот варен ѓеврек.

Доста е зборување, велосипедот со вас и нахранете си ја душичката со еден жежок варен и крцкав охридски ѓеврек од најблиската пекарница, комбиниран со ледена и совршено послужена Coca-Cola. На здравје!

Полна чаша на Instagram