ОПЕРАТОР ВО ЕНЕРГЕТИКА
Одговорен е за квaлитетнo и ефикаснo извршување на работните задачи во одделот енергетика, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.
Што е тоа што го бараме:
- Високо образование или ССП во областа на Eлектро-техника, Машинство, Автоматика или Tехнолгии на преработка на вода;
 - Најмалку три години работно искуство со Енергетика, одржување или технологии на производни линии;
 - Изразена способност за превентивно решавање проблеми, логика, споредба и квалитетна одлука;
 - Ориентираност кон тисмка работа;
 - Подготвеност за работа во смени;
 - Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
 - Читање и применување техничка документација;
 - Работа со мерни инструменти, контролери и рачунала.
 
Краток опис на основните одговорности:
- Ги извршува сите планирани превентивни и корективни задачи во одделот за одржување и енергетика;
 - Го следи процесот за подготовка на вода и пареа, производство и рекуперација на CO2, како и процесот на ладење;
 - Редовно пополнување на работни налози и следење на ефикасност на линиите во SAP систем;
 - Редовно обезбедување на сите потребни енергенси за производниот процес;
 - Континуирано следење на потрошувачката на вода, енергија и рекуперација на CO2 ;
 - Репарира оштетени делови и врши анализи на настанати дефекти;
 - Води контрола на работата на машините, копмресорите и навремено информира доколку на истите е потребна одредена превентивна или корективна интервенција;
 - Одговара за редовна и точна евиденција на алатот и машините што се користат во одделот за енергетика;
 - Дава предлози за оптимизиција на процесите и зголемување на ефикасноста на одделот.
 
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето аплицирај веднаш и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 22.02.2021 год.
 
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.









