СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИЗВЕШТАИ И НАГРАДИ

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:
Ти ќе биде нашата нова ѕвезда во создавање и дизајнирање на извештаите и моделите на одделот за Човечки ресурси. Исто така, ќе бидеш активно вклучен/а во дизајнирање, имплементирање и преглед на програмите за наградување како: бенефиции, work-life, придобивки и признанија што Пивара Скопје им ги нуди на вработените.
ДАЛИ СИ ТИ ОВА?
- Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
- Преферираш динамична работа;
- Сакаш интернационална кариера;
- Проактивени сте и одлучни;
- Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
- Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.
ДАЛИ СЕ ОВИЕ ТВОИТЕ ТАЈНИ СОСТОЈКИ?
- Имаш високо образование, предност – МБА и Финансии;
- 2 + години искуство во известување, анализа на податоци и буџетирање;
- Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Изразени аналитички и презентациски вештини, пасија за работа со бројки и извештаи;
- Проактивен/а си, остроумни и ориентирани кон детали;
- Одлично го владееш деловниот англиски јазик.
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Дизајнирање и одржување модели на човечки ресурси како еден извор на главни податоци за секој процес на одделот;
- Обезбедување дневно, неделно и месечно известување (внатрешно CCH & HEINEKEN и надворешно);
- Спроведувањe анализа на податоци за човечки ресурси и анализа на варијабла за трошоци и надоместоци, FTE, демографија, анализа и увид за поддршка на деловните одлуки;
- Дизајнирање, спроведување и администрирање на иновативни планови за стимулации, придобивки и награди;
- Одговорен/на за предлаање и распоредување на практиките за благосостојба што ги поддржуваат приоритетите на организацијата, ангажираноста на вработените и брендот на компанијата како работодавач на избор;
- Анализа на трендовите на пазарот (како анкети за плати, придонеси за придобивки), како и градење односи со локални практичари на пазарот, релевантни засегнати страни, вклучувајќи ги и внатрешните CCHellenic и HEINEKEN.
КАКО ДА АПЛИЦИРШ:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да пристапат на полето аплицирај веднаш (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 09.01.2021.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.