ПИВАРА СКОПЈЕ ПОМЕЃУ 8-ТЕ ФИНАЛИСТИ ВО “ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО БИЗНИСОТ”

Во конкуренција од над 30 проекти, Пивара Скопје го доби ова признание кое се доделува во рамките на “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната од мрежата на АмЧам во Европа и Центарот за меѓународни приватни претпријатија (CIPE) од Вашингтон.

Проектот на Пивара Скопје има за цел да создаде одржлив систем за управување со отпадот од пакување, што вклучува организирано собирање и рециклирање, како и да ја подигне јавната свест. Сето ова во насока на намалување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина. Преку овој проект нашата компанија изгради партнерство со неколку клучни општествени чинители, како граѓански здруженија, институции и медиуми.

Со цел и другите компании да ги слушнат најдобрите примери за тоа како Пивара Скопје и останатите финалисти ги применуваат ESG-критериумите (еколошко, социјално и корпоративно управување) во пракса се одржа и on-line настан. Претставник од нашата компанија беше Директорот за корпоративни политики и одржливост, Ламбро Патче, кој сподели повеќе детали за проектот “Иницијатива за одржливост: Свет без отпад, како и за унапредувањето на бизнис операциите на одржлив начин, притоа градејќи доверба и партнерство со локалните заедници.

Повеќе детали за сите останати проекти може да прочитате на е-брошурата.

#WorldWithoutWaste #Sustainability #Environment #Recycling #WasteCollection #PivaraSkopje #PAKOMAK

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram