КОРАБ – ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ И ОСВЕЖУВАЊЕ НА УМОТ

Има денови кога единствено што сакаш е да го ослободиш умот, да го исклучиш телефонот и да одмориш од динамичноста на урбаното живеење. Замисли тераса со поглед во огромни зелени површини или подножјето на некој град, сино небо, свеж воздух, звук на крцкање на огнот во каминот. Бегство на планина има нешто навистина смирувачко. Секое ново враќање во околината на Кораб е ново доживување. Да почнеме од патот кој поминува низ планината –  дрворед во сите нијанси зависно од периодот во годината кога одите. Пролет и лето природата го прикажува целиот совој раскош од бои и сензации. Сите нијанси на зелено во пролет и сите нијанси од жолто до црвено во есен. По патот можете да сретнете по некоја лисица, зајак, верверичка или куче, кое најчесто е хрането од сите жители во околијата. Кораб е патување чија цел не е пристигнувањето туку постојаното патување. Човек таму не знае што попрво да апсорбира. Да започнеме со чистиот воздух –  Кораб е планина  со највисок врв во Р. Македонија- Голем Кораб. Интересно е што при изработката на дигиталната географска карта на Република Македонија од страна на јапонски експерти е утврдено дека Голем Кораб е повисок од она што е официјален податок, па според премерувањата тој е повисок за 88 метри, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено. Уникатна природа со импресивни шуми кои содржат повеќе од 100 ретки видови дрвја, богати со диви чаеви, билки, овошја кои лесно можат да се соберат со рака. Планината е дом на многу животни, особено мечки кои се заштитени животни и често може да ги видите на брегот на реките Радика и Длабока Река. Токму на оваа Длабока река се наоѓа и највисикот водопад не само во Македонија туку и на ниво на Балкан. Во овој реон има поголем број на водопади до некои може лесно да се стигне, но и такви кои не се проодни, еден таков водопад се наоѓа на Длабока Река кој со големото количеството на вода при падот формира „воден лонец“ со голема длабочина. Потоа Корабското езеро кое се смета за езеро кое е на највисока надморска височина на 2.500 м надморска височина веднаш под самиот врв Голем Кораб, и претставува највисоко ледничко езеро. Со ваква уникатна природа во 1952 година е признаен овој дел како нацинален парк „Маврово“. И со влегувањето во оваа планина, веќе како да стануваш едно со неа. Природата е моќна и те обзема така што не е чудно ако првите два дена не можете ништо друго да правите освен да спиете. Откако ќе ги наполните батериите, бидете активни – трошењето на енергијата која сте ја апсорбирале низ дневните обврски и проблеми овде можете да ја трансформирате во нова свежа енергија. Не се мислете има еден куп работи што можете да ги правите. Човекот секогаш ја има таа потреба да уредува, тука има бројни активности кои може да ги правите низ oвој предел.

 

  1. Јавање коњи

Вистинска атракција во последно време. Има неколку одгледувачници со различни тури. Прекрасно доживување е да откривате нови делови на планината со помош на овие прекрасни животни. Супер интересно искуство каде нема да знаете дали попрво да го оттргнете коњот од гранките или да и се изнагледате на природата.

 

  1. Скијање

Да, зимно време е бајка за оние кои скијаат и бордаат. Скии теренот на Маврово е изборот на голем број активни или пасионирани зимски спортисти.

 

  1. Посета на црквата Јован Бигорски

Според натписите, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Манастирот бил повторно обновен во 1743 година. Легендата за настанувањето на името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Ќе уживате во природата која одзема здив.

 

  1. Прошетка

Имате толку многу избор каде можете да шетате и да откривате нови делови. Можете да ги посетите водопадите или да отидете од другата страна на маврово на Бистра планината и таму да ги посетите водопадите на Ростуше. Импресивна природа.

Полна чаша на Instagram