ПИВАРА СКОПЈЕ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ „СТАТУЕТКА ЗА НАЈГОЛЕМ КОРПОРАТИВЕН ПАРТНЕР“ ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО

 

По повод Меѓународниот ден на човековата солидарност, 20-ти декември, во рамки на настанот “Едно семејство, “СОС Детско село и додели на Пивара Скопје признание „Статуетка за Најголем корпоративен партнер во 2020 година“ и изрази голема благодарност за долгогодишната финансиска поддршка како и различните волонтерски активности на вработените на Пивара Скопје со децата и младите. Овој настан кој СОС Детско село традиционално го одржува претставува годишна церемонија за благодарност на солидарноста и поддршката на донаторите.

 

„Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка на заедницата и на општествено одговорните активности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме секогаш посветени, дури и во услови на пандемија. Во рамки на ваквото делување, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Особено се радуваме на средбите и дружењето со децата од СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти во текот на целата година. Нашите волонтери досега биле дел од различни активности со децата, како што се креирање свест за заштита на животната среда преку садење цвеќиња и акции за чистење, книжевно матине за истакнување на важноста на читањето и учењето уште од рана возраст, како и разни новогодишни активности за поттикнување на креативноста кај децата. Оваа година поради пандемијата ќе ги организираме да присуствуваат на заедничка on-line Новогодишна дружба заедно со децата на нашите вработени.“, изјави Горан Сладиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.

SOS detsko selo pivara skopje volonterska akcija

Претходни активности во СОС Детско село со вработените во Пивара Скопје

SOS detsko selo pivara skopje volonterska akcija

Претходни активности во СОС Детско село со вработените во Пивара Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претходни активности во СОС Детско село со вработените во Пивара Скопје

 

 

 

Од СОС Детско село велат дека особено е важно да се покаже солидарност и несебично да се помогнат ранливите категории во време на пандемија.

„Работата со ранливи категории, подразбира и активности кои треба да ја подигнат свесноста за потребата од солидарност и промената која заедницата може да ја постигне со помош на донатори, посебно со помошта на бизнис заедницата. Благодарни сме што во услови на пандемија имавме можност да се потпреме на поддршката од компании донатори како што е Пивара Скопје“, изјави националниот директор на СОС Детско Село Македонија, Јулијана Гапо.

 

 

 

 

 

 

Претходни активности во СОС Детско село со вработените во Пивара Скоп

 

 

СОС Детско село е меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици. Националната асоцијација на организацијата во земјава е основана во 2001 година, а во нејзините рамки функционираат низа програми и проекти кои целат кон унапредување на грижата и поддршката на децата и младите без родителска грижа и оние во кои се во социјален ризик.

 

Полна чаша на Instagram