ПРВИТЕ ВЕНДИНГ МАШИНИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ ПОСТАВЕНИ ВО “ВЕРО”

Пивара Скопје е еден чекор поблиску до нашите заложби за одржлив развој преку платформата Свет без Отпад“, согласно нашите Корпоративни цели за 2025 година да постигнеме да собереме 75% од нашиот отпад од амбалажа за пакување (PET амбалажа, лименки, стакло).

Во трговскиот центар Веро Џамбо беше промовирана првата од трите машини за селектирање на отпад на територијата на Скопје кои ќе работат со специјален систем и ќе доделуваат „зелени поени“ на секој кој ќе го одложи својот отпад во нив. Преостанатите две машини се поставени на различни локации, исто така во маркети од ланецот Веро.

Овој проект претставува пример за партнерство  зад една заедничка цел – Свет без Отпад“ помеѓу компаниите од индустријата, Владата, Министерство за животна средина, Дипломатскиот кор, Коморите, факултетите, невладините организации. 

Пивара Скопје во улога на основач и најголем финансиски поддржувач на ПАКОМАК, во изминатите 2 години, даде целосна поддршка на овој за нас стратешки проект и истиот е планирано да продолжи со уште позасилено темпо во следните неколку години.

На промоцијата на првата вендинг машина поставена на територијата на главниот град, во трговскиот центар Веро Џамбо покрај нашиот Генерален Директор Горан Сладиќ, нашиот менаџер за големи купувачи Душко Атанасовски – беа присутни и министерот за животна средина, Насер Нуредини, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас, директорот на Веро Супермаркети г. Петар Денковски, како и претставници од другите компании основачи на Пакомак.

Повратните вендинг машини беа развиени од страна на Пакомак, во соработка со ФЕИТ и Фондот за иновации. Како македонски производ направен според потребите на локалното население, повратните вендинг машини на Пакомак имаат пониска цена на производство и на одржување, додека истовремено придобивката од селектирањето преку нив претставува соодветна награда која ќе им го олесни животот на граѓаните и ќе ги поттикне да го селектираат отпадот почесто.

Граѓаните на Скопје можат да ги користат и да го одложуваат амбалажниот отпад во нив, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги.

Повеќе едукативни материјали како функционираат овие машини може да погледнете на следниот линк  Селектирај го твојот отпад.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram