СКОПСКО МУ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА СВОЈОТ ВРСНИК АЗНАВУР

Легендата на француските шансони Шарл Азнавур беше пречекан во земјава со најдоброто од Македонија. Специјалниот гостин доби и специјално јубилејно издание на СКОПСКО кое исто како и Азнавур годинава го слави својот 85-ти роденден

Првиот контакт со Македонија на големиот француски уметник Шарл Азнавур е уникатен примерок на најдоброто од Македонија. Големиот актер, композитор и шансониер Азнавур кој допатува во Македонија како специјален гостин на фестивалот на францускиот филм, веднаш по пристигнувањето во земјава ја посети Пивара Скопје каде беше пречекан со уникатен примерок на СКОПСКО кое, исто како и големиот француски уметник, годинава го прославува својот 85-ти роденден.

„Секогаш кога за првпат престојувам во некоја земја сакам да доживеам и пробам нешто што е карактеристично за неа, гордост на нејзините жители. Среќен сум што имам можност да го пробам СКОПСКО. Според многумина што ги прашав тоа е еден од најдобрите македонски производи. Дополнително кога дознав дека СКОПСКО го прославува својот 85 роденден, ова прерасна во интимна средба со мојата генерација“, изјави Шарл Азнавур при посетата на Пивара Скопје АД.

Во чест на големиот светски уметник, компанијата организираше прием во пријатна атмосфера создадена со уникатната комбинација на француски шансони, македонски гастрономски специјалитети и чаша квалитетно македонско пиво.

„Цивилизациското наследство го создаваат луѓето, еден од нив е Г-динот Азнавур. Неможете да останете рамнодушни кон делата, желбата и посветеноста, секојдневно со иста енергија да се создаваат нови универзални вредности. Ваквиот несекојдневен пристап на големит човек Азнавур ни ја поттикнува желбата и нам, обичните луѓе дека не постојат граници за нов напредок, достигнувања, иновации. Благодариме за неговата мисија која дава голем мотив за сите животни и деловни предизвици.“, истакна Константинос Спанудис, генерален директор на Пивара Скопје АД.

Шарл Азнавур е еден од најголемите француски изведувачи на шансони. Во својата кариера испеал над илјада композиции. Паралелно со својата музичка кариера Азнавур успешно ја градеше својата актерска кариера. Има снимено над 70 филмови. Во 1998-та година Шарл Азнавур беше избран за Забавувач на столетието од гледачите на CNN и читателите на Time Online. Во овој избор, зад францускиот уметник останаа имиња како Елвис Присли и Боб Дилан.

Годинава Пивара Скопје АД го прославува својот 85 роденден. Овој значаен јубилеј за Пивара Скопје АД е потврда за успешната приказна и потврда дека со континуирано вложување и усовршување можат да се победат предизвиците на времето.

Полна чаша на Instagram