СКОПСКО, НАШЕТО НАЈДОБРО, ВЕ ПОКАНУВА НА АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА РОК ГРУПАТА „АРЕА“
СКОПСКО ја продoлжува својата поддршка на вистинските национални вредности, со особено залагање за нивно издигнување и популаризација. Во таа насока, СКОПСКО Ви го претставува концертот на македонската рок гордост „Ареа“.
Концертот ќе се одржи на 16-ти април годинава во Универзалната сала во Скопје. Се работи за акустичен концерт, на кој хитовите на „Ареа“ ќе бидат изведени во придружба на врвни инструменталисти. Ова е прв акустичен концерт на македонска рок група пред поголем аудиториум. На овој концерт групата „Ареа“ ќе ги изведе своите најголеми досегашни хитови, како и песните од новиот албум.
„Скопско е традиционален партнер на македонските национални вредности – се работи за една базична нераскинлива врска. Скопско како бренд ги има потребите и очекувањата на потрошувачите како постојан позитивен предизвик. Уметноста, а особено онаа што се создава на овие простори, дефинитивно е една од нив. Наша желба е да ги негуваме и понатаму националните вредности и да бидеме дел од успешната македонска приказна, затоа што Скопско е Вкусот на Македонија“, изјави Мартина Мишевска, бренд менаџер на група пивски брендови, во „Пивара Скопје АД“.
Авалон продукција, групата „Ареа“ и СКОПСКО соработуваат на проекти за поддршка на урбаните национални вредности веќе подолг временски период.
„Креацијата и внатрешниот порив на уметникот не може да ја добие вистинската форма без поддршката на пријателите, како што е СКОПСКО. Можам да кажам, дека Скопско е неразделен дел од нашиот тим и се надевам дека и во иднина нашата соработка ќе продолжи“, изјави Бобан Милошески, извршен директор на „Авалон продукција“.
Рок бендот „Ареа“ својот акустичен концерт во Скопје ќе го одржи по седумгодишна концертна пауза. И покрај тоа што групата досега неколкупати ги полнеше концертните сали во земјава и во регионот, ова е прв акустичен концерт, што ќе претстави една сосема нова слика за бендот.
„Концертот кој претстои за нашиот бенд е од големо значење, бидејќи по седум години повторно ќе имаме контакт со нашата публика во Скопје, што за секој уметник е огромен предизвик. Нашата соработка со СКОПСКО има традиционална компонента, бидејќи е врзана со нашето творештво години наназад. Музиката на нашиот бенд и СКОПСКО имаат нешто заедничко, а тоа е урбаниот вкус на Македонија„, истакна Ружица Милошеска-Брчиоска, фронтмен на „Ареа“.
СКОПСКО во изминативе месеци, во насока на поромоција на македонските уметнички вредности го поддржа и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, но истовремено го помогна и доаѓањето на светските музички ѕвезди во Македонија, како што во минатата година беа Carlos Santana и George Benson.