ОГЛАС ЗА РАБОТА: ХЕМИСКИ ТЕХНИЧАР
Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Средна стручна подготовка насока – хемиски техничар, ВСП, Технолошко-металуршки факултет ќе се смета за предност;
- Најмалку 1 година работно искуство во вршење физичко-хемиски анализи и работа со лабараториска опрема;
- Мотивација за работа во динамично окружување и во мултинационална средина;
- Способност за разбирање, обработка и пренос на точни факти и информации;
- Изразени организациски и аналитички вештини;
- Основно познавање на апликациите MS Office, познавање SAP ќе се смета за предност;
- Основно познавање на Англиски јазик.
Краток опис на основните одговорности:
Го осигурува квалитетот на производот од микробиолошки аспект, согласно компаниските процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken. Самостојно врши анализи и одговара за нивната точност низ сите фази на производниот процес, почнувајќи од квалитетот на водата, репроматеријалите, полупроизводите, како и готовиот производ.
- Го применува системот за Квалитет и безбедност на храна и учествува во редовниот мониторинг и верификација;
- Обезбедува исправно спроведување на физичко-хемиските анализи и точност на испорачаните резултати;
- Врши контрола на квалитет на полупроизводи, пакувачки материјали и суровини за производство. Обезбедува навремени точни извештаи согласно контролата и редовно генерира податоци во системот;
- Извршува анализа на мостри и сугерира корективни активности кога е потребно;
- Ги спроведува активностите на сегментот PQ Pillar (Progressive Quality), со цел одржување и континуирано подобрување на квалитетот на производите и системот STARLAB во одделот за пиво;
- Осигурува непречено работење на лабораториската опрема, врши редовна калибрација на апаратите и води записи од неа со кои ги известува претпоставените;
- Ги спроведува успешните практики, идентификувани во одделот за лабораториско работење со останатите операции и имплементира успешни практики од други операции;
- Ги следи залихите на хемикалии и материјали и пријавува потреба од месечни набавки.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да се аплицира:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Хемиски техничар“, најдоцна до 21.12.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.