ОГЛАС ЗА РАБОТА: ИНЖЕНЕР МИКРОБИОЛОГ

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка ВСП (Технолошко-металуршки, ПМФ – Институт за биологија, студии по биохемија – микробиологија);
  • 1 + години работно искуство во производна индустрија или во лабораторија, предност „FMCG“;
  • Мотивација за работа во динамично окружување и во мултинационална средина;
  • Силни организациски и аналитички вештини;
  • Основно познавање MS Office – Excel, Power Point, Internet;
  • Одлично познавање говорен и пишан англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

Во согласност со програмата за микробиолошка контрола, гарантира ефикасна организација и координација при земање мостри и при вршење микробиолошки анализи во лабораторијата за контрола на квалитет низ сите фази на производство. Го осигурува квалитетот на производот од микробиолошки аспект согласно компаниските процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca Cola HBC & Heineken.

 

  • Одговара за исполнување и спроведување на зададениот план за микробиолошки анализи и гарантира редовно земање примероци;
  • Одговара за воспоставување и мониторинг на превентивни и неопходни корективни мерки, акции во ситуација на микробиолошки резултати надвор од предвидените стандарди;
  • Врши надзор на хигиенската состојба на производство, предлага и презема мерки во случај на отстапување од стандардите;
  • Одговорен/-на е за исправноста и функционалноста на лабораториската опрема и за нејзината редовна калибрација;
  • Активно учествува во проектни тимови како експерт во своето поле на дејствување;
  • Обезбедува точни и навремени извештаи за микробиолошката слика во производните погони;
  • Учествува во разработка на нови микробиолошки методи и процедури и редовно ги следи референтните прописи и барања во областа на микробиологијата;
  • Навремено обезбедува информации до менаџментот за контрола на квалитет за сите настани што може да имаат влијание и импликација врз квалитетот на производот;
  • Управува со резервите на хемикалии и лабораториски материјали.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Инженер микробиолог“, најдоцна до 21.12.2018 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram