ОГЛАС ЗА РАБОТА: КООРДИНАТОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Висока стручна подготовка ВСП (Факултет за безбедност, Воена академија или Правен факултет);
- Најмалку 3 години работно искуство во физичко и техничко обезбедување и евакуација;
- Искуство во работа со техничка опрема за видеонадзор и заштита на податоци;
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим;
- Силни организациски и лидерски вештини;
- Добро познавање англиски јазик;
- Добро познавање на апликациите MS Office, а SAP ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б-категорија.
Краток опис на основните одговорности:
Се грижи за физичко и техничко обезбедување лица и имотот на Пивара Скопје АД согласно процедурите на компанијата, законските регулативи и корпорациските стандарди Coca Cola HBC & Heineken. Се грижи за противпожарна заштита, евакуација и спасување во делокругот на компанијата.
- Ја надгледува и ја контролира работата на надворешната компанија за обезбедување ангажирана од страна на Пивара Скопје АД и води грижа за бројот на неусогласености при влез и излез од капиите;
- Се грижи за имотот на компанијата, асистира и води истраги при злоупотреба на материјалните добра во сопственост на компанијата (недостиг на производ, злоупотреба на фрижидери, апарати за точење, маркетинг-материјали и слично);
- Организира годишни вежби за евакуација и спасување во соработка со противпожарната служба на град Скопје;
- Се грижи за исправноста на системите за заштита од пожари;
- Одговара за техничката поставеност, опременост и исправност на техничките средства за обезбедување, како што се видеонадзор, мониторинг, електронска контрола на влез и друго;
- Воспоставува процедури со цел спречување кражби и неовластено изнесување материјали и добра;
- Активно зема учество во IMCR тимот за решавање кризни ситуации;
- Континуирано се надградува со нови знаења и применува најдобри техники од областа на обезбедувањето.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на вашата апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
Да пратат своја кратка биографијаи писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Координатор за обезбедување“, најдоцна до 8.2.2019 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.