ОГЛАС ЗА РАБОТА: ПРОЦЕСЕН ИНЖЕНЕР ВО ТОЧИЛНИЦА ЗА ПИВО
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки за развој, со цел да обезбеди непречен тек во процесот на производство на пиво согласно зададените стандарди.
Што е тоа што го бараме:
- Висока стручна подготовка ВСС (Технолошко-металуршки или машински факултет);
- Најмалку три години работно искуство во производна индустрија, предност „FMCG“;
- Мотивација за работа во динамично окружување и во мултинационална средина;
- Силни организациски и лидерски вештини;
- Одлично познавање на MS Office – Word, Excel, Power Point, Internet;
- Напредно познавање англиски јазик. Познавање и германски јазик ќе се смета за предност.
Краток опис на основните одговорности:
Го управува работењето на тим на оператори за континуирано производство на квалитетни и навремени количини на краен производ според правилата и процедурите на компанијата. Раководи со квалитетот на производот во Точилница за пиво.
- Ги имплементира и спроведува стандардите за безбедноста на храна и квалитет на корпоративните стандарди (Heineken Food safety standards) и обезбедува оддржлива производна средина во Точилница за пиво.
- Ги организира и ги координира активностите на тимот за да се постигнат производствените цели во зависност од временското планирање, производните потреби и одржливоста на квалитетот;
- Ги следи параметрите на машините и опремата, анализира резултати и навремено реагира во случај на појава на девијација, нејзина анализа и решавање (RFCA/5why);
- Активно учествува во ТПМ (Тотален продукт менаџмент), односно автономно одржување, прогресивен квалитет и безбедност и здравје при работа и ги спроведува активностите предвидени за нив;
- Одговара за целокупната работа во смените и ги исполнува целите на производството, со цел да се обезбедат соодветни количини готов производ;
- Ја контролира имплементацијата на 5S-стандардите и оптимално ги користи ресурсите;
- Го контролира процесот точење и пакување пиво врз основа на креираниот план;
- Врши редовна контрола на внесените параметри од производството во системот SAP;
- Обезбедува достапност и висок учинок на опремата што е потребна за да ги задоволи потребните нарачки од Точилница за пиво.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
- да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната e-адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата „Процесен инженер во точилница за пиво“, најдоцна до 6.12.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.