ОГЛАС ЗА РАБОТА: ПРОЦЕСЕН ИНЖЕНЕР ВО ТОЧИЛНИЦА ЗА ПИВО

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки за развој, со цел да обезбеди непречен тек во процесот на производство на пиво согласно зададените стандарди.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка ВСС (Технолошко-металуршки или машински факултет);
  • Најмалку три години работно искуство во производна индустрија, предност „FMCG“;
  • Мотивација за работа во динамично окружување и во мултинационална средина;
  • Силни организациски и лидерски вештини;
  • Одлично познавање на MS Office – Word, Excel, Power Point, Internet;
  • Напредно познавање англиски јазик. Познавање и германски јазик ќе се смета за предност.

 

Краток опис на основните одговорности:

Го управува работењето на тим на оператори за континуирано производство на квалитетни и навремени количини на краен производ според правилата и процедурите на компанијата. Раководи со квалитетот на производот во Точилница за пиво.

  • Ги имплементира и спроведува стандардите за безбедноста на храна и квалитет на корпоративните стандарди (Heineken Food safety standards) и обезбедува оддржлива производна средина во Точилница за пиво.
  • Ги организира и ги координира активностите на тимот за да се постигнат производствените цели во зависност од временското планирање, производните потреби и одржливоста на квалитетот;
  • Ги следи параметрите на машините и опремата, анализира резултати и навремено реагира во случај на појава на девијација, нејзина анализа и решавање (RFCA/5why);
  • Активно учествува во ТПМ (Тотален продукт менаџмент), односно автономно одржување, прогресивен квалитет и безбедност и здравје при работа и ги спроведува активностите предвидени за нив;
  • Одговара за целокупната работа во смените и ги исполнува целите на производството, со цел да се обезбедат соодветни количини готов производ;
  • Ја контролира имплементацијата на 5S-стандардите и оптимално ги користи ресурсите;
  • Го контролира процесот точење и пакување пиво врз основа на креираниот план;
  • Врши редовна контрола на внесените параметри од производството во системот SAP;
  • Обезбедува достапност и висок учинок на опремата што е потребна за да ги задоволи потребните нарачки од Точилница за пиво.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

  • да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната e-адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата „Процесен инженер во точилница за пиво“, најдоцна до 6.12.2018 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 

Полна чаша на Instagram