ОГЛАС ЗА РАБОТА: РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА – СТРУМИЦА
Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Високо образование;
- Најмалку две години работно искуство во продажба. Раководење со тим ќе се смета за предност;
- Високоразвиени лидерски, продажни и интерперсонални вештини;
- Посветеност на тимска работа, самоиницијативност и проактивност;
- Мобилноста во рамките на Р. Македонија ќе се смета за предност;
- Добро познавање англиски јазик и апликациите MS Office;
- Возачка дозвола Б-категорија.
Краток опис на основните одговорности:
Раководи со тим, врши контрола на пазарот и посочува можности за развој на продажната мрежа во регионот на дневна основа.
- Се грижи за професионалниот развој на членовите на тимот, обезбедува менторство и коучинг;
- Ги води, ги развива и ги мотивира членовите на тимот и го евалуира нивниот учинок;
- Одржува дневни и неделни состаноци со тимот;
- Врши континуирано прибирање податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на дистрибуирани и присутни производи;
- Договара и дефинира цели, врши контрола на извршувањето на пазарот;
- Набљудува, истражува и предлага можности за развој на продажбата во регионот на дневна основа;
- Учествува во планирањето волумен на продажба на регионот и во активностите за реализација;
- Развива долгорочни партнерски односи со купувачите;
- Дава предлози за подобрување на сервисот кон купувачите во насока на зголемување на задоволството и продажбата.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Раководител на тим за продажба“, најдоцна до 26.12.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.