ОГЛАС ЗА РАБОТА: ТРЕЈД-МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР ЗА КАНАЛ НА ПРОДАЖБА

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка (BSc), општествени науки, предност Маркетинг;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на маркетинг или најмалку 2 години искуство во индустријата „FMCG“;
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим;
  • Добри комуникациски и организациски вештини. Добри аналитички способности;
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок;
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point).

 

Краток опис на основните одговорности:

Управува и обезбедува развој и имплементација на каналската стратегија и активација во соодветните канали во однос на креирање, реализација на иновативни и ефективни каналски програми, насоки за продажната сила, инструкции и стандарди за промотивни активности, во кој тој/таа ги реализира дефинираните цели на брендовите и генералната комерцијална, компаниска и корпоративна стратегија.

 

  • Развива детална годишна стратегија за соодветниот канал на продажба, вклучувајќи клучни познавања, цели и амбиции за каналот на продажба, фокус на брендови и пакувања, како и приоритети што се клучни за консументите и купувачите;
  • Анализира релевантни податоци поврзани со каналот на продажба од интерни извори и од екстерни истражувања на пазарот за да развие разбирање за потенцијалот и моменталниот учинок во дадениот канал на продажба;
  • Дефинира, менаџира и координира бизнис-релации со креативните агенции за да развие ефективни и иновативни решенија;
  • Одговорен за целиот процес на нарачка на промотивни материјали и продажна опрема во согласност со Сликата на успех, активностите на каналот на продажба и промотивните активности;
  • Ги евалуира сите активации и трејд-промоции со цел оптимизација на сите идни активации;
  • Работи во корелација со тимот за брендот и тимот за продажба за развивање промотивни активности во дадениот канал на продажба;
  • Задолжен е за распределба и за следење на буџетот и опремата за соодветниот канал на продажба;
  • Посветен кон развој на ефективни пазарни промоции насочени кон конкретен канал на продажба или купувач;
  • Ги идентификува пазарните бариери и бариерите на купувачите и развива нови солуции за категориите и за нашите брендови.

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографија и писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Трејд-маркетинг менаџер на канал“, најдоцна до 9.3.2019 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram